Connect with us

Државна администрација

Како да се регистрирате на порталот uslugi.gov.mk и дали е од корист?

Објавено

на

Министерството за администрација и информатичко општество во активностите за дигитализација на државните институции го промовираше новиот електронски портал uslugi.gov.mk кој на едно место треба да обезбеди пристап до сите услуги на државните институции. Електронскиот пристап треба да ги олесни условите за граѓаните, како и за бизнисмените на кои им се потребни брзи и ефикасни институции за олеснување на нивното секојдневно работење. uslugi.gov.mk е достапен на македонски, албански и англиски јазик и има модерен интерфејс со прегледен приказ на менијата и податоците.

Како да се регистрирате?

Најпрво за да го користите порталот треба да одберете начин на кој ќе се регистрирате. Наједноставниот е да внесете валидна е-мејл адреса и лозинка по што ќе добиете повратен одговор за потврда од uslugi.gov.mk и потоа може да ја менувате вашата лозинка за која самите одговарате. Постои опција за логирање и преку корисничките податоци кои ги имате оставени при регистрација на системот на УЈП за годишната даночна пријава, односно се вклучувате на uslugi.gov.mk со истиот е-мејл и лозинка. Со успешна регистрација со корисничката сметка од УЈП, ви се креира eID на ниско ниво. Со eID на ниско ниво може да аплицирате за е-Услуги кои што се најмногу на ниско ниво. Најнапредното ниво на пристап е преку регистрирање со валиден дигитален сертификат за дигитален потпис. Неопходно е претходно да ја имате инсталирано Компонентата за дигитално потпишување. Во повеќето чекори кои се неопходни за ваков вид на регистрација доколку има потреба може да биде побарано од вас да го внесете и ПИН-от од избраниот сертификат. Последниот начин на регистрација е со присуство во регистрациона канцеларија каде ќе се направи запис од вашите лични податоци кои потоа ќе ги користите за најава. Штом се регистрирате веќе ќе може да пристапите преку Системот за единствена најава.

Што добивате за возврат?

Засега според достапните услуги и податоци за граѓаните и стопанствениците најголем бенефит е што на едно место преку електронски пристап може да направите преглед на услугите на државните институции кои ви се неопходни за завршување на најразлични административни обврски. Пребарувањето на услуги може да го правите според категории, по азбучен ред или според животни настани, од венчавки до регистрација на фирми и водење бизнис во различни сегменти. Исто така може да пребарувате и според клучен збор. Кога пребарувате по категорија, на пример даноци, во едно мени ги покажува и поткатегориите, на пример персонален данок од групата на фискални давачки. Во категоријата на јавни давачки заедно со даноците се прикажуваат и акцизи и царина, додека пак придонеси, такси и глоби иако се прикажани за нив засега нема активни услуги кои се достапни преку uslugi.gov.mk. Следно може да пребарувате и според конкретна институција од која ви е потребна одредена услуга. Штом селектирате која услуга ви е потребна од овој портал може да видите повеќе детали, од кои услови треба да се исполнат, потребните документи, формулари и пријави, колку ќе ве чини самата услуга, контакт од посочената државна институција, како и поврзани закони и прописи кои ја регулираат оваа област.

Е-Услуги

За жал пристапот до електронски услуги, односно без потреба од одење по шалтери, чекање ред во гужви и наоѓање на вистинските формулари, нивно пополнување, уплаќање на административни такси и „разбирање“ со шалтерските административни работници, засега е многу мал. Поточно само 127 услуги од државните институции може да ги добиете преку електронски пат, а за сите останати ќе мора да „трчате“ по административните лавиринти. Да напоменеме дека станува збор за електронски услуги кои им се достапни на корисниците кои ќе се регистрираат на основното ниво, преку корисничките податоци од УЈП или пак со корисничко име и лозинка. Штом ја пронајдете посакуваната услуга за која може да се извади електронски документ исто така ќе ги добиете сите информации со детали за услови, документи и такси, како и директен линк до електронскиот портал на посочената институција.

Порталот засега има 1.000 регистрирани корисници и потребно е подобро да се објасни нивото на регистрација и каков пристап се добива со секој вид на најава, но и понатаму да се зголемува базата на преглед на сите услуги од страна на државните институции како и директна можност за аплицирање електронски за достава на документи што значително ќе го олесни секојдневното функционирање на физичките и правните лица во завршување на административните обврски.

Државна администрација

Оглас за вработување во Министерство за економија

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

(more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во Агенција за супервизија на осигурување

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

(more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Објавено

на

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и бр. 110/2019), согласно Законот за стопанските комори, Стопанската комора на Македонија, објавува

ОГЛАС
за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

(more…)

Продолжи со читање

Популарно