Connect with us

Лични финансии

Како да се ослободите од долговите?

Објавено

на

Долгот стана составен дел од секојдневниот живот на најголем дел од луѓето. Факт е дека на сите луѓе им се неопходни дополнителни финансии и токму поради тоа тие посегнуваат по кредити, кредитни картички, дозволени пречекорувања, а најнов тренд е спас да се бара и во брзите кредити со цел да се дојде најбрзо до пари.

Задолжувањето е во ред, само доколку тоа го правите за некаква намена, да ги вложите парите во бизнис или слично што подоцна ќе ви донесе поголем приход. Но, внимавајте задолжувањето да не ви стане секојдневие!

Првиот чекор за ослободување од долговите е да ги промените навиките за трошење. Ако сте навикнати да трошите повеќе отколку што заработувате, веднаш пресечете ги вашите кредитни картички.

Ако отплаќате кредит, обидете се да ги намалите вашите трошоци и со заштедените пари да отплатите поголема рата од кредитот.

Кратењето на дел од трошоците можеби ќе донесе несакани промени во вашиот животен стил, но долгорочно тоа ќе биде една од најзначајните одлуки кои сте ги донеле. Исто така, позитивно ќе влијае и на вашата ментална состојба и ќе ги намали стресот и притисокот кои ќе ги чувствувате при отплаќање на големите долгови.

Во продолжение ви прикажуваме неколку совети и методи како да ги намалите и целосно да ги отплатите долговите.

1. Метод на снежна топка

Овој метод препорачува да направите листа на сите ваши долгови и најпрво да го исплатите најнискиот биланс. Откако ќе се исплати најниската сума, преминете на вториот најмал долг. Продолжете на овој начин се додека не се ослободите од сите ваши долгови, се додека не ја испразните листата.

2. Метод на бура

Логиката е обратна од таа на методот на снежна топка. Исто како и во претходниот метод, мора да направите листа на сите долгови. Разликата е што тука започнувате со отплата на најголемиот долг. Кога ќе ја исплатите највисоката сума, преминете на вториот најголем долг и така се до крајот на листата.

3. Метод на итни случаи

Правите листа од сите долгови и гледате кои од нив имаат најкраток рок. Прво ги плаќате оние со најкраток рок на отплата, па оние со подолг и така се до крајот на листата на долгови.

Запомнете дека не постои “точен” метод. Долгот е многу личен и така и се отстранува. Важно е да имате план, да се држите до него и да воспоставите здрав финансиски живот.

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор, бидејќи приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големо финале на Smart Money Talks: Совети за управување со личните финансии

Објавено

на

Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно