Connect with us

Останато

Како да патувате низ светот бесплатно и притоа да заработувате пари

Објавено

на

Ако патувањето е вашата страст во животот, дознајте како можете да си го дозволите тоа без да плаќате скапи туристички аранжмани за патувања.

Многу професии или барем тековни ангажмани, нудат можност често да патувате службено и притоа да го прошетате светот бесплатно, бидејќи најчесто службените патувања се однапред платени од компанијата за која работите.

Во продолжение ви прикажуваме неколку начини за патување низ светот, а притоа да заработувате пари:

1. Блог за патувања

Луѓето сè повеќе гi читаат и се интересираат за ваков тип на блогови и ако сакате јавно да ги споделувате патните искуства, блог на оваа тема дури може да ви заработи и значителна сума на пари.

Доколку се позиционирате себеси како „светски турист”, може да добиете понуда од голем број туристички агенции, тие да ги подмират вашите патувања во замена за промовирање на нивниот бренд. На овој начин можете да ги поврзете работата со забавата и патувањата.

2. Станете инструктор

Ако практикувате активности како јога, пилатес, алпинизам, скијање, нуркање итн, овие авантуристички спортови исто така, се практикуваат и на голем број туристички дестинации. За прилагодлива личност, ова може да биде работа од соништата, која се извршува низ целиот свет и вклучува постојано патување.

3. Бизнис во рамките на програмата за размена

Постојат се поголем број компании кои нудат посредување при вработување во други држави. Концептот е дека основните трошоци за вашиот престој ги покрива работодавачот, а за возврат од вас се очекува да работите одреден договорен број часови во текот на неделата. Типот на ангажман може да варира од работа на фарма, работа во некои локални ресторани или кафулиња, помош во домаќинството, чување на деца, па се до административна работа.

Што и да одлучите да работите, најчесто работењето во странство ќе ви овозможи солиден паричен приход, но и запознавање на нова култура и начин на живот, а трошоците ќе бидат минимални.

4. Работа во хотел

Доколку сонувате за некоја дестинација која сакате да ја посетите, но патот и престојот таму се премногу скапи, секогаш има друга можност како да си ја исполните желбата.

Можете да аплицирате за работа на рецепција, за административна или работа за одржување на редот во некој од локалните хотели, а за возврат да добиете можност да престојувате во него за време на периодот на вработување. Ако можете да најдете работа на местото каде што сакате да го посетите, постои можност да обезбедите бесплатно сместување и притоа да добиете и солиден џепарлак за трошење.

Тоа е еден од начините да си го исполните сонот, да ја посетите посакуваната дестинација без да плаќате вистинско богатство за тоа и притоа да заработите пари со кои ќе може да уживате во престојот.

5. Чување на деца, имот или миленици

Пребарувајќи на интернет за вашата омилена дестинација која сакате да ја посетите, во одредени текстови на клучните зборови секогаш се појавуваат мини огласи поврзани со работа во тој реон. На тие мини огласи најчесто ќе наидете на семејства кои бараат да ангажираат лице кое ќе внимава и ќе се грижи за нивните деца, за нивниот имот или за нивните миленици.

Што и да се нуди, за оние кои сакаат да патуваат е одлична можност да заработат и притоа да ги покријат трошоците за престој работејќи на посакуваната омилена дестинација.

6. „Couch Surfing”

Оваа онлајн заедница нуди можност да контактирате со локалните луѓе од дестинацијата која посакувате да ја посетите и кои се подготвени да ве нагостат и да ви обезбедат бесплатен престој во нивниот дом.

Сепак, за возврат мора да бидете регистрирани на платформата и да понудите сместување на некој од заинтересираните гости кои би го посетиле вашето место на живеење.

7. Патувачки (мобилен) медицински персонал

Ако вашата професија е медицината, ова може да биде многу профитабилна работа која нуди напредување во кариерата, во ситуација кога цело време патувате и се префрлате од локација до локација, обезбедувајќи медицинска нега на оние на кои им е потребна.

Со тоа, ќе патувате на различни дестинации, без да потрошите ниту еден денар за престој, а притоа ќе бидете наградени со плата за вашата работа.

Останато

Презентација на Европски навики за плаќање во 2019 година

Објавено

на

На 19.02 се одржа настан организиран од EOS Матрих на кој темата беше презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“, кое EOS го спроведува веќе 12 години по ред. Целта на настанот беше да се подигне свеста дека неплаќањето на обврски не е проблем само во Македонија, туку е проблем и во Европа и насекаде во светот, колку сме ние далеку или блиску до европските платежни навики, со цел да се идентификуваат мерки и постапки како да се минимизира таа разлика. Како што изјави Катерина Бошевска, директорката на EOS Матрих, во нејзиното поздравно обраќање: (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Објавено

на

Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот сектор, вели во интервју за Капитал министерката за финансии Нина Ангеловска потенцирајќи дека е потребно државата преку фискалната политика да биде ветер во грб на приватниот сектор од повеќе аспекти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска и Деспотовски со предлог да се формира регионален ФИТР со седиште во Скопје

Објавено

на

Основање регионален фонд што ќе работи по примерот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е предлог што министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски го дадоа на денешниот Самит на раководители на акцелераторот за конкурентност и иновации, а седиштето на фондот би бил во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно