Connect with us

Домашни банки

Како да останете безбедни онлајн? – Стопанска банка а.д.Битола ја подигнува свеста за сајбер безбедноста кај граѓаните

Објавено

на

Стопанска Банка а.д.Битола го одбележува Европскиот месец на сајбер безбедноста – октомври (ECSM), приклучувајќи се на кампањата на Европската Унија која го промовира подигнувањето на свеста за сајбер безбедноста кај граѓаните и организациите и важноста на безбедноста на информациите.

 

Банката презема разни активности преку кои ги истакнува едноставните чекори што може да се преземат за да се заштитат податоците на клиентите, без разлика дали се лични, финансиски и / или професионални.

Со цел да се зголеми свесноста кај клиентите од можните закани кои произлегуваат од дигиталниот простор Стопанска Банка а.д. Битола денес организираше настан во експозитурата Систина во Скопје, каде се оддржаа кратки обуки и анкети со клиентите.

Сите заинтересирани добија памфлет со насоки како да останат безбедни онлајн и насоки за безбедно користење на електронските услуги на Банката.

Во прилог го објавуваме памфлетот и во продолжение дел од општите совети како да останете безбедни онлајн:

1. Проверете ги линковите

Не ги отворајте линковите или прилозите ако незнаете дека се безбедни.
Одете до веб-страница директно преку впишување на линкот во пребарувачот.

2. Ажурирајте го софтверот на најновата верзија

Одржувајте ја вашата безбедност со конфигурирање и надградба на софтверот кога е потребно.

3. Поврзете се во мрежа безбедно

Бидете внимателни што се пренесувате преку отворени и јавни безжични мрежи и особено ако сте деловен корисник употребете VPN софтвер кога се најавувате од јавна мрежа.

4. Бекапирање и криптирање на податоците

Бидете сигурни дека сите податоци поврзани со бизнисот се криптирани со цел да се спречи неовластен пристап и кражба на податоци.

5. Чувајте ги личните податоци на сигурно

Бидете внимателни каде ги чувате чувствителните или доверливите податоци. Ако ги складирате во облак, бидете сигурни дека сте запознаени со правилата и услови на давателот на услугата.

6. Заштитете ги мобилните уреди

Исклучете го Bluetooth-от односно поставете го како “Неоткривачки”.

7. Заштитете ги лозинките

Креирајте лозинки кои тешко се погодуваат за секоја веб-страница чии услуги ги користите.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно