Connect with us

Лични финансии

Како да направите парите да работат за вас, наместо вие за пари?

Објавено

на

Работењето од наутро, па се до доцните вечерни часови, дефинитивно не е решение. Многу луѓе работат дури и прекувремено за да заработат колку што е можно повеќе пари, но на крајот повторно немаат доволно. Верувајте, нема ништо да постигнете ако целото време го поминувате на работа.

Една од најголемите разлики помеѓу богатите и сиромашните е тоа што богатите луѓе заработуваат oд каматите, додека сите други плаќаат камати. Тука е важно да се разбере дека парите се алатка која може да ви помогне да ги постигнете своите цели. За да постигнете вистинска финансиска независност, вашите пари мора да работат за вас, а не вие за нив.

Постојат три основни работи што можете да ги направите за да се случи тоа. Овие три совети можат да ви помогнат да се ослободите од лошите финансиски навики што ги имате и да зачекорите кон финансиска независност и сигурност.

1. Буџетирање

Најважната работа во управувањето со вашите пари е буџетирањето. Кога буџетирате и парите ви се испланирани, тогаш вие сте шеф над парите, а не обратно, и тие ќе го направат она што го сакате. Со распределување на секој денар во специфични категории, имате контрола врз тоа каде одат парите. Ова исто така ќе ви помогне да ги постигнете финансиските цели.

Буџетирањето е најдобрата алатка која ја имате од приходите да направите богатството. Контролата на трошење ќе ви помогне да донесувате финансиски одлуки на почетокот и крајот на секој месец. Ако се подобри буџетирањето, ќе можете побрзо да ги исполните вашите финансиски цели и што е уште поважно, да избегнете позајмување.

2. Исплатете ги долговите

Дали знаете колку пари давате за различни каматни стапки секој месец? Кредити, кредитни и дебитни картички, плаќања на рати и слично? Колку од вашиот месечен буџет оди на студентски заеми, разни исплати за автомобили и слично? Ако можевте да ги земете сите тие пари и да ги ставите на посебна сметка, неверојатно е колку брзо можете да заштедите за пензија и други работи што ги сакате.

Долгот честопати станува товар и го ограничува изборот што сакате да го направите. Една од најдобрите работи што можете да го направите со вашите пари е да излезете од долгот и целосно да останете без долг.

3. Заштедете и инвестирајте

Откако ќе се извлечете од долгот и ќе заработите дополнителни пари, треба да започнете агресивно да штедите. Што значи ова во пракса? Без специјално откажување – само ќе ги претворите парите што сте ги ослободиле во капитал кои ќе работат за вас. Наскоро ќе дојде моментот кога парите што ќе ги заработите повеќе, отколку самите за еден месец.

Потребни се малку пари, а за тоа да се случи секој месец треба да одвојувате повеќе. Откако ќе заштедите шестмесечен фонд за итни случаи, ќе треба да започнете да инвестирате сопствени пари. На овој начин можете најефикасно да ги создадете предусловите за градење на личното богатства. Покрај тоа, заштедата на пари може да ви помогне да бидете подготвени да се справите со подеми и падови, непредвидени околности што сигурно ќе се случат во текот на животот.

Заштедата за фонд за итни случаи може да биде првиот чекор, но градењето на богатство започнува кога ќе одлучите да инвестирате.

Лични финансии

Ворен Бафет советува како да се збогатите

Објавено

на

Уште во 1999 година, Ворен Бафет беше прашан од луѓето како да се збогатат и да станат богати колку што е тој, а тогашните негови совети сеуште можат да се применат, пишува „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да изградите живот од соништата!? – Стратегија на мултимилионерите 1-5-10

Објавено

на

Што ако некој ви каже дека за неколку години вашиот живот може да биде драстично подобрен и од обичен човек да станете мултимилионер кој има буквално се што ќе посака, вклучително и толку посакуваното слободно време? (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ако сте вложеле пред 10 години, сега ќе бевте милионери!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот биткоинот го достигна највисокото ниво од 65.000 американски долари во април, но потоа изгуби 50 проценти од својата вредност во следните три месеци. Цената на најпопуларната „паричка“ неодамна падна под 30.000 американски долари. (more…)

Продолжи со читање



Популарно