Connect with us

Кредити

Како да изберете соодветен банкарски кредит, согласно вашите потреби?

Објавено

на

Буџетот е ставка поради која често го ставаме прстот на чело и се прашуваме дали и колку се правилни донесените одлуки – дали да штедиме за некоја цел, потреба, или пак, да побараме „помош“ од банка, во вид на паричен заем. Во денешно време е вистинска реткост поголемите инвестиции да се извршат без некаков кредит. Многумина од нас поседуваат недвижнини, автомобили и слично благодарение на заемите, а најчесто се одлучуваат на тој чекор поради релаксираната отплата која ни ја овозможува отплатата на заемите од Банка.

Откако ќе одлучите дека Ви се потребни дополнителни средства во форма на заем, најпрво треба да соберете информации за условите на кредитирање од неколку банки и да процените која од нив ги нуди најповолните услови според вашата моментална и идна финансиска состојба. Халкбанк АД Скопје нуди повеќе видови кредити, согласно потребите на клиентите и тоа по услови кои се меѓу најконкурентните на пазарот. Дополнителна предност на кредитирањето што го нуди Банката е што поголемиот дел од кредитите се со осигурителни полиси, што значи дека имате обезбедено заштита на имотот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.

Во зависност од Вашите потреби, можете да изберете соодветен кредит. Најбаран секако е Потрошувачкиот кредит бидејќи е сенаменски, односно може да се користи за најразлични Ваши потреби. Максималниот износ кој се одобрува е 1.200.000 МКД и истиот е со максимален рок на отплата до 10 години.

Халкбанк нуди Потрошувачки кредит и за пензионери до 600.000 денари, со максимален рок на отплата до 120 месеци. Годините на старост на кредитобарателот и рокот на кредитот потребно е да не надминуваат 75 години.

Доколку сакате да го решите сопственото станбено прашање, да купите деловен простор или пак, да извршите рефинансирање на станбен кредит кој веќе го имате земено од друга банка, тука се Станбените кредити на Халкбанк. Станбен кредит во денари, обезбеден со животно осигурување кој го нуди Халкбанк е со фиксна каматна стапка за првите 5 години, временскиот рок на отплата е до 30 години, минимално учество од 10% и истиот е со ниска стапка на вкупни трошоци и е БЕЗ трошоци за предвремена ликвидација од сопствени средства.

Ако имате орочен депозит во Халкбанк АД Скопје и потребен Ви е кредит, но не сакате да ја изгубите каматата од вашиот депозит, Банката ви нуди Кредит со депозит како најдобро решение за вашите потреби.

Доколку посакувате нов автомобил, оваа желба можете да ја остварите со Автомобилскиот кредит со атрактивни каматни стапки.

Во кредитната понуда на Халкбанк е и Хипотекарниот кредит, кој ви нуди можност за рефинансирање на сите ваши постоечки изложености по поволна каматна стапка.

На крај, најчесто користената форма на кредитирање која ја користат граѓаните – Дозволеното пречекорување на трансакциска сметка, до 3 месечни плати за вработени, и до 2 месечни пензии за пензионери во согласност со нивната кредитна способност.

Широката палета на кредитни производи на Халкбанк овозможува решавање на најразлични прашања. Одберете го кредитот кој најмногу соодветствува на вашите моментални потреби и аплицирајте во најблиската експозитура или онлајн, на следниот линк: https://halkbank.mk/apliciraj-online.nspx при што по одбирањето на Вашата најблиска филијала ќе бидете исконтактирани и услужени од страна на вработениот во одбраната филијала.

Кредити

Кредитна линија на Комерцијална банка за развој и зелена транзиција на вашиот бизнис

Објавено

на

Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Објавено

на

Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како до светла иднина и финансиска независност?

Објавено

на

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно