Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, но нема да потрошиме цело богатство.

Нормално, секој патува според својот буџет. Некогаш може да ја жртвуваме удобноста на авионот и да одбереме нискобуџетна компанија (WizzAir) ако патуваме во Европа на пример. Но, можеме да резервираме добар смештај во некој полуксузен хотел. И нормално обратно. Секогаш ќе се трудиме да добиеме максимална вредност на патувањето за нашите пари.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.1: Намалете ги трошоците за храна

Трошењето на храна е еден од најголемите фактори за тоа колку пари ќе потошите на одмор. Секогаш се обидувам да јадам појадок во мојот хотел колку што е можно; ова е особено точно доколку појадокот е вклучен со собата. Ако сте во без доручек, тогаш посетете го локалниот маркет и купете намирници што ги јадете дома и сами подгответе си појадок, нема потреба да барате пекара. Вака, се претпоставува дека ќе заштедите минимум 35 евра ако сте на 7 дневен одмор.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.2: Не е задолжително одењето во шопинг.

Не мора да одите во шопинг само поради тоа што сте виделе шопинг центар на кој пишува дека има попусти. Веројатноста да купите нешто што навистина ви е потребно и го немате дома е многу мала, а ќе заштедите минимум 100 евра.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.3: Користете ја кредитната картичка. 

Еден од најпопуларните начини да заштедите пари, дури и кога ги трошите, е да ја користите вашата кредитна картичка. Додека повеќето компании со кредитни картички наплаќаат рамен надоместок од 2-4% за странски трансакции, тие исто така имаат и најдобри девизни курсеви. Разговарајте со вашата компанија за кредитни картички за да добиете ПИН-број за да можете да подигнете пари од странски банкомати на оптимизиран курс. Се чини тривијално, но овие мали заштеди дефинитивно имаат потенцијал да се додадат со текот на времето. Доколку нема ваква опција, тогаш ќе се трудите колку е можно помалку за да не и плаќате непотребни надоместоци на банката.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр. 4: Направете ги најефтините можни резервации.

Ако навистина не сакате да потрошите многу пари за еден одмор, направете ги наевтините резервации за смештај и превоз. Хотелот можете да го замените со соба во стан од AirBnb и ако има некој во собата до вас, ќе добиете пријател од држава која не сте ја ни претпоставувале. На крајот од денот, со домаќинот на станот можете да дискутирате за културата на градот во кој престојувате и нема да мора да платите за услуги на туристички водич. За превозот можете да го користите WizzAir доколку сакате да патувате со авион или FlixBus за патување со автобус (превозникот нуди и бесплатно WiFi за патниците и нема да ви е здодевно на патувањето).

Подготвени за пат низ Европа?

Лични финансии

Продавачите треба да бидат повеќе од продавачи

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Кој е поуспешен во продажбата: жените или мажите?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Одговорете на вечното прашање: На што всушност трошиме пари?

Објавено

на

Управувањето со буџетот ни помага да ги оствариме поставените финансиски цели, да ги заработиме парите коишто ни се потребни на месечно ниво за да го имаме она што го посакуваме и притоа да имаме увид дали сме на добар пат во управувањето со финансиите. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange