Connect with us

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство.

Нормално, секој патува според својот сопствен буџет. Некогаш може да ја жртвуваме удобноста на авионот и да одбереме нискобуџетна компанија ( пр: WizzAir или RyanAir) ако патуваме во Европа на пример. Но, можеме да резервираме добро и полуксузно сместување во некој поелитен хотел. И нормално обратно. Секогаш ќе се трудиме да добиеме максимална вредност на патувањето за нашите пари.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.1: Намалете ги трошоците за храна

Трошењето на храна е еден од најголемите фактори за тоа колку пари ќе потошите на одмор. Секогаш обидете се да го искористите појадокот во хотелот, доколку истиот е вклучен во цената. Доколку немате таква привилегија и доручекот не ви е вклучен во сместувањето, наместо најблиската пекара или ресторан, посетете го локалниот маркет и купете намирници што ќе ги подготвите дома брзо и едноставно и сами подгответе си појадок.

Исто така, за ручек и вечера доколку планирате да посетите некој ресторан, истражете на интернет за локалните ресторани кои нудат квалитетна храна по пристапни цени. Не седнувајте во ресторан што прв ќе го забележите и ќе ви изгледа привлечно на прв поглед, бидејќи цените може да се прилично скапи, а храната да е просечна. Доколку во моментот немате пристап до интернет, следете го старото добро правило и седнете во ресторан каде што има луѓе. Веројатноста е голема цените да се евтини, а притоа храната да е свежа и вкусна.

Се претпоставува дека ќе заштедите минимум 5о евра за храна, доколку сте на 7 дневен одмор.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.2: Не е задолжително одењето во шопинг

Најчесто кога одите на некое патување во некоја европска метропола, покрај разгледувањето и квалитетната прошетка низ градот, прво нешто што ви доаѓа на ум е да одите во шопинг и да купите нешто, а таа желба драстично се зголемува кога ќе видите некој шопинг центар на којшто пишува дека има неверојатни попусти до 70-80%.

Не мора да одите во шопинг само поради тоа што сте виделе шопинг центар, бидејќи веројатноста да купите нешто што навистина ви е потребно и го немате дома е многу мала, а ќе заштедите најмалку 100 евра.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр.3: Користете ја кредитната картичка

Еден од најпопуларните начини да заштедите пари, дури и кога ги трошите, е да ја користите вашата кредитна картичка. Додека повеќето компании со кредитни картички наплаќаат рамен надоместок од 2-4% за странски трансакции, тие исто така имаат и најдобри девизни курсеви. Разговарајте со вашата банка од каде што користите кредитни картички за да добиете ПИН-број за да можете да подигнете пари од странски банкомати на оптимизиран курс.

Или, доколку не ви е потребна готовина, плаќајте секогаш со кредитната картичка, барем во Европа речиси во секој локал, продавница, паркет итн, може да платите со вашата платежна картичка.

Се чини тривијално, но овие мали заштеди дефинитивно имаат потенцијал да се додадат со текот на времето. Користете ја кредитната картичка разумно и потрудете се колку што е можно повеќе да ги избегнете непотребни надоместоци кон банката.

Како да зештедиме пари додека патуваме во Европа трик бр. 4: Направете ги најевтините можни резервации

Ако навистина не сакате да потрошите многу пари за еден одмор, направете ги наевтините резервации за сместување и превоз. Луксузниот хотелот можете да го замените со соба во стан од AirBnb и доколку има некој во собата до вас, може да добиете пријател од некоја европска држава.

На крајот од денот, со сопственикот на станот можете да продискутирате за културата на градот во кој престојувате, за најзначајните знаменитости, за најдобрите ресторани со вкусна и евтина храна и така нема да имате потреба да платите за услуги на туристички водич.

За превозот можете да користите нискобуџетна компанија, доколку сакате да патувате со авион или FlixBus за патување со автобус (превозникот нуди и бесплатно WiFi за патниците, па така нема да ви биде здодевно на патувањето).

Подготвени за пат низ Европа?

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Објавено

на

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно