Connect with us

Лични финансии

Како да заработувам онлајн?

Објавено

на

Постојат премногу начини за екстра приходи во месецот. Но, исто така, што и да одлучите да работите од вас ќе бара упорност и истрајност.

Првиот начин да се заработувате пари онлајн е да создавате содржина и да ја дистрибуирате онлајн. Ова вклучува – слики, видео, текст, блог или на што и да се сетите. Советот е да почнете да создававате содржини, бидејќи содржината ќе ви е потребна за да ја раскажете својата приказна онлајн. Колку подобри станете во тоа, толку повеќе ќе можат да ве слушнат вашите клиенти, оние на кои ќе им го продавате тоа нешто. Откако веќе сте создале содржина, ќе треба да ја проширите. Ова е многу важна и комплексна тема, бидејќи платформите на интернет ги има се повеќе и повеќе. Веќе не е еден пребарувач, не е една формална мрежа, не е еден сајт. Вие имате мејл, имате претплатници, сајтови, треба да склучите партнерства. Односно еднаш откако ќе креирате содржина, треба да ја проширите до што повеќе корисници.

Вториот начин да заработувате пари онлајн е да продавате во интернет просторот. Можете да продавате производи-телефони, облека, стоки и услуги. Кога ќе се претплатите на пример за едукативен курс во интеренет, тоа пак е форма ем нешто да продадеш онлајн, ем да правиш содржина. Тука важи правилото, кое и при офлајн трговијата, дека треба да имате квалитетен производ, производ кој корисниците ќе го бараат. Ако се облека, накит, книги или филм тие треба да се доволно интересни за корисниците, за да платат пари за нив.

Третиот начин да заработувате пари онлајн е да создадете свој веб сајт или апликација. Оваа категорија е доста широка. Ова вклучува како професијата на програмерот, на дизајнерот, на оној кој црта како да изгледаат сајтовите, така и продукт менаџерот, проект менаџерот. Тоа е еден широк сегмент каде што некои од најуспешните македонски компании успеале да се докажат како професионалци и како такви, кои можат да создаваат производи за целиот свет. Односно третиот начин е да создадеш производ или услуга, која многу луѓе ќе ја користат.

Кој од овие три начини ви изгледа најдобар за Вас?

Лични финансии

Како да си ги платите сметките како Freelancer?

Објавено

на

Постојат многу одлични работи за freelance живот. Ти си свој шеф, имаш флексибилен распоред, и не мора да седиш со часови на состаноци кои би можеле да бидат покриени во брза е-пошта. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

91% од корисниците не знаат што е Open Banking

Објавено

на

Дури и кога е објаснето поимот, само 41% од корисниците се заинтересирани и само 11% навистина сакаат длабоко објаснување. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Сакате да станете штедач, а не знаете како?

Објавено

на

Скоро сите сме склони да се огледаме во некои светски ѕвезди или денес популарни јутјубери, ѕвезди од Инстаграм – како изгледаат, како да се фалат и облекуваат, кои што вози, со што се занимаваат, каде патуваат, со кои се забавуваат … но, пред сè, прашај се како да заработиле пари за толку убав живот, додека ние се занимаваме со секојдневни акробации со сопствени парички, картички, чекови, заеми или џепарац, кои сеуште го добиваме од родителите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange