Connect with us

Кредити

Како да го надминеме периодот на криза за време на COVID- 19?

Објавено

на

Корона вирусот, кој започна во Кина, зафати повеќе од 1 милион луѓе. Тоа влијаеше врз животот не само на оние со веќе нарушено здравје или нивните најблиски, туку и на целиот свет.

Карантинот, полицискиот час и другите мерки го ограничија движењето на повеќе од 4 милијарди луѓе. Овие промени, привремено односно трајно ги стопираа работните активности на многу компании и директно влијаеја врз економските текови. Од друга страна, примената на овие мерки го сведоа на минимум загадувањето и ги примора многу домаќинствата да имаат обезбедено зголемени резерви на намирници за тековниот живот. За тоа како на најдобар начин да се прилагодите на овој период во кој сме фокусирани на корона вирусот Ве советува Исни Абази, генерален менаџер на Mого.мк, финансиска компанија која овозмозува ненаменски и автомобилски кредити.

По првичната лавина од страв, несигурност и паника, многу од нас почнаа да се прашуваат, како да го поминат овој тежок период, двоумејќи се дали да се задржат на редовниот тек на дотогашниот живот со правење на секојдневните трошоци или трошењето сепак да го сведат на минимум и да се прилагодат на новонастанатата ситуација. „Во овој случај советите од најдобрите финансиски аналитичари се повеќе од добрeдојдени.”, коментира директорот на Мого.мк, Исни Абази.

„Првенствено е потребно да направите проценка на својот приход. Ако со својата плата можете да ги покриете неопходните трошоци, како што се режиските сметки за електрична енергија, вода, или редовните потреби од храна и друго, тогаш се наоѓате на права насока. Во случај да увидите недостиг на финансиски средства, а притоа гледате дека ситуацијата не се подобрува, контактирајте ги финансиските компании и добијте идеја како да се соочите со финансиската криза, а се со цел да се избегнат нејзините последици.”, предупредува Исни Абази, директорот на финансикото друштво Мого.мк, специјализирано за автомобилски кредити.

Оние категории на граѓани кои не се финансиски погодени од кризата, треба да продолжат да живеат на ист начин како и порано, со тоа што, ако порано сте посетувале ресторани, почитувале одење на вечера еднаш месечно, сега може да го прават истото, почитувајќи ја рестрикцијата на движење со достава на храна до својот дом, а со цел заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. “Во ваков случај нема потреба да го затегнувате својот буџет, но добро би било повторно да се размисли за работите што сте ги испланирале да ги купите и да се даде приоритет на најнеопходните производи што ви се потребни”, вели Исни Абази.

Финансиските аналитичари советуваат да штедите 10-20% од Вашите месечни приходи и да имате заштеда од најмалку шест месечни плати, па доколку економијата е погодена на глобално ниво, Вие слободно ќе можете да ја надминете дадената ситуација. „Ако имате одредена финансиска заштеда тогаш сте во добра позиција. Во случај, ако приходите ви се повисоки од неопходните трошоци, Ве советуваме да заштедите на овој начин заради тоа што во ситуација како што е актуелната, тешко е да се предвиди колку време ќе трае и како би се одразило на Вашите животи, како приватно така и професионално”, советува Исни Абази.

„Нема сомнение дека по пандемијата COVID-19 целокупното општество ќе претрпи измени и единствено од нас зависи како ќе се справиме со тоа. Во даденава ситуација, а во изобилие на слободно време, би сакал да размислите како би го распределиле сопствениот приход за плаќање на неопходните трошоците за тековниот месец. Доколку сеуште имате потешкотии да се реорганизирате во овој период, кликнете на овој линк или јавете се на телефонскиот број 022775555 за да добиете соодветна алтернатива и совет од најдобрите финансиски аналитичари како би можеле да се справите со кризата”, ве советува Исни Абази.

Секако е дека овој период ќе нè научи и на корисни работи меѓу кои да живееме поскромно, а пред се рационално да располагаме со личните финансии кои во иднина ќе помогнат да донесеме правилни бизнис инвестиции во текот на животот, а истовремено и да заштедиме.

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот до 30.6.2020 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката нуди кредитни продукти со пониски каматни стапки и поповолни услови, при што како дел од своето портфолио нуди НЛБ Станбен Плус кредит со 35 години рок на отплата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје како дел од своето портфолио нуди наменски станбени кредити обезбедени со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување за физички лица, кој сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период по Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со ЕБОР и и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди кредитна линија наменета за поддршка на конкурентноста на МСП

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) нуди линија за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите. Целта на програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување со техничките стандарди во согласнот со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедност на работниците, квалитет и безбедност при работа.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно