Платежни картички
Како да ги искористите Бонус поените од програмата на Халкбанк?


Се прашувате дали воопшто постои можност преку направените трансакции со вашите кредитни картички да правите поврат на вашите „потрошени” пари?
Одговорот на ова прашање го дава програмата бонус поени на Халкбанк АД Скопје со која, при пазарување и плаќање со вашата кредитна картичка, заработувате поени кои се вредносно еднакви на пари. Оваа бонус програма е креирана со цел да им овозможи на клиентите кои ги користат кредитните картички од Халкбанк, да се на некој начин попривилегирани со бенефициите и вредностите кои банката ги додава за своите клиенти.
Доколку сте корисник на кредитна картика во Халкбанк, собирате бонус поени при пазарување во дефинирани периоди на различни продажни места објавени од страна на банката. Собраните поени потоа можете да ги искористите при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали од Халкбанк. При секое следно пазарување, еден собран бонус поен ќе има вредност од еден денар.
Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов, активни се бонус кампањите за:
- Бензинските станици каде Халкбанк има поставено ПОС терминали. Тука со секоја направена трансакција при полнење гориво во текот на викендите, клиентите можат да соберат 5% бонус поени од вредноста на трансакцијата.
- Со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на веб продавниците кај E-commerce трговците на банката, секој ден, до 30 јуни 2021 година, можете да собирате 5% бонус поени.
- Вредност од 10% бонус поени, можете да соберете и со секоја трансакција направена со кредитна картичка во аптеките каде Халкбанк има поставено ПОС терминали, повторно – секој ден сé до крајот на јуни годинава.
Искористувањето на бонус поените е многу едноставно.
Со вметнување на вашата кредитна картичка на ПОС терминалот во продажното место каде што сакате да ја реализирате трансакцијата, внесете го посакуваниот износ од вкупниот број собрани поени, потврдете ја трансакцијата и уживајте во БОНУСОТ.
Платежни картички
Какви поволности нуди новата Visa Gold картичка на Халкбанк?



Visa Gold е најновата кредитна картичка од портфолиото на Халкбанк АД Скопје која обезбедува поголема куповна моќ за клиентот бидејќи е со максимален кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на барателот, а истата за клиентот вклучува и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување. (more…)
Платежни картички
Visa Gold на Халкбанк – златна можност со златна картичка



Visa Gold е најновата кредитна картичка од портфолиото на Халкбанк АД Скопје која обезбедува поголема куповна моќ за клиентот бидејќи е со максимален кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на барателот, а истата за клиентот вклучува и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување. Новиот производ е наменет за физички лица кои се приматели на плата или пензија преку Халкбанк или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит. (more…)
Домашни банки
Екстра уживање на крајот од месецот за сите корисници на кредитни картички од Халкбанк!


ХАЛКБАНК АД Скопје мисли на своите клиенти, бидејќи за Банката „Важни се луѓето” и нивното задоволство! (more…)
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 3 hours
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје