Connect with us

Странски банки

(ВИДЕО) Како Германија го победи коронавирусот!?

Објавено

на

Американската влада на своите граѓани им доделуваше чекови во износ од 1.200 долари со цел да им помогнат во надминување на потешкотиите предизвикани од пандемијата на вирусот „Ковид-19“. 90% од Американците добиле државна помош, со цел полесно пребродување на пандемијата.

Но, не само САД, туку речиси сите држави во светот погодени од корона кризата издвојуваат дел од државниот буџет за помош на граѓаните кои имаат големи финансиски потешкотии, како последица на пандемијата на коронавирусот.

Исклучок не е ниту, македонската економија, кадешто Владата донесе три сета на економски мерки за помош на граѓаните и најзасегнатите сектори, кои имаат крајно негативни последици од вирусот „Ковид-19“.

Но, и покрај економските мерки и државната помош, најавената глобална ресеција е неизбежна, па држави како Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија се соочуваат со огромни штети, енормно зголемување на невработеноста, остар пад на БДП, голем дел од производството е речиси стопирано и нефункционално, а јавниот долг се зголемува на историски највисоко ниво.

Речиси сите држави во светот се обидуваат да ја спасат својата економија најдобро што можат, но, има една економија во Европа која речиси излезе како најголем победник од целата оваа ситуација. И покрај официјалните податоци дека се наоѓа во рецесија, можеме да кажеме дека Германија е државата која најлесно и најдобро се справува со корона кризата.

А, зошто е тоа така, погледнете на видеото во прилог:

How Germany Won Corona.

Wow.So much money. So fast. This is how Germany dealt with Corona. I'm not even talking about the virus itself. I'm talking about th economy.Thank you to my brother from Doctor Dentz for helping me get the shots in Germany! If you're looking for a dentist, he's the best!See you tomorrow for another video!

Gepostet von Nas Daily am Mittwoch, 27. Mai 2020

Еве зошто сите треба да се угледаат на Германија и да го следат нејзиониот пример за опоравување на своите економии!

Останато

Домаќинствата во земјите од еврозоната продолжуваат да го зголемуваат задолжувањето во банките!

Објавено

на

Домаќинствата во еврозоната продолжија брзо да позајмуваат од банките минатиот месец, привлечени од ниските каматни стапки и економското закрепнување од пандемискиот пад, покажаа во вторникот податоците на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Џенет Јелен: Банките да мобилизираат капитал за борба против климатските промени

Објавено

на

Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарскиот банкарски гигант UBS им овозможува на вработените хибриден начин на работа

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање


Популарно