Форекс
Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено.
И на европските берзи цените на акциите во средата пораснаа. Лондонскиот индекс „FTSE” зајакна за 0,57 проценти на 7.348 поени, франкфуртскиот „DAX” порасна за 0,53% на 13.166 поени, а парискиот „CAC” индекс скокна за 0,75 отсто, на 6.257 индексни поени.
Трендот на раст во текот на вчерашниот ден беше потврдени и на најголемиот светски пазар со хартии од вредност. Така, на Волстрит индексот „Dow Jones” се зголеми за 436 поени или за 1,37 проценти на 32.197 поени, „S&P 500″ порасна за 2,62 проценти на 4.023 поени, додека индексот „Nasdaq” се големи за 4,06 отсто, на 12.032 индексни поени.
Како што се очекуваше, ФЕД на редовната месечна седница во средата ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,75 процентни поени, втор месец во ред во распонот од 2,25 до 2,50 п.п.
Зголемувањето на каматите за вкупно 1,5 проценти во два месеца претставува најагресивното заострување на монетарната политика во САД од 1990-те години. Американската централна банка на тој начин настојува да ја сузбие инфлацијата, којашто во моментов се движи на највисоките нивоа по повеќе од 40 години, 9,1%.
Вложувачите, пак, ги охрабри изјавата на претседателот на ФЕД, Пауел кој ан прес-конференцијата рече дека натамошните потези на централната банка ќе зависат од идните економски показатели и дека би требало да се очекува забавување на темпото на заострување на монетарната политика во САД.
„Откако монетарната политика дополнително е заострена, во следниот период веројатно ќе е соодветно да биде забавено тоа темпо, додека не ги анализираме ефектите на прилагодувањето на нашата политика врз економијата и инфлацијата“, рече Пауел.
Форекс
Откако достигна повеќегодишен максимум, доларот почна да ја губи вредноста во однос на другите валути


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот бележи намалување. (more…)
Форекс
НИТУ НАЈДОБРИОТ ФОНД НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА – Инфлацијата и стравот од рецесија ја стопија заработката на норвешкиот пензиски фонд


Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје