Останато
Како би изгледале 200 милијарди долари со ликот на Џеф Безос наредени во банкноти?


Популарниот американски астрофизичар Нил де Грас Тајсон на сликовит начин опиша колку е навистина богат сопственикот на „Amazon“, Џеф Безос.
На својот Инстаграм профил тој на интересен начин опиша 200 милијарди долари, колку што изнесува богатството на Џеф Безос.
„Никој не ме праша за тоа, но ако банкнотите од еден долар во вкупен износ од 200 милијарди долари, колку што изнесува богатството на Безос, се наредат една покрај друга, тие би биле доволни 180 пати да ја обиколат планетата Земја.
До Месечината би можело да се стигне и да се врати 30 пати, а со остатокот од парите може да се направи куп висок 10 километри“, посочи Де Грас Тајсон.
За потсетување, пред неколку дена, најбогатиот човек на светот стана уште побогат.
Богатството на Безос достигна неверојатни 200 милијарди долари.
Американското бизнис списание „Forbes“ смета дека богатството на Џеф Безос е најголемото досега. Компанијата „Amazon“ работи исклучително добро.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје