Connect with us

Домашни банки

Каков финансиски резултат оствари Стопанска банка а.д. Битола во првата половина на 2022 година?

Објавено

на

Првата половина од 2022 година се карактеризира со нарушено економско и политичко опкружување што е резултат на воениот конфликт меѓу Русија и Украина, воведување санкции кон Русија, со нарушени синџири на снабдување, појава на нови мутации на вирусот ковид-19, значителен раст на цената на енергенсите и со зголемена инфлација.

Централната банка во услови на зголемена економска неизвесност, започна да ја заострува монетарната политика, притоа преземајќи серија мерки и алатки во насока на постепена стабилизација на економијата. Во вакви влошени услови на економска активност, како и на намалена денарска ликвидност на финансискиот пазар во земјата, каде што има константно зголемување на каматната стапка на благајнички записи, а следствено на тоа и зголемување на референтна каматна стапка, Стопанска банка а.д. Битола дејствуваше во насока на остварување на краткорочните финансиски и долгорочните стратешки цели, применувајќи флексибилен пристап кон промените во домашното и глобалното макроекономско опкружување.

Финансиски перформанси на Банката

Нето-приходите од камати бележат зголемување за 1,54 %, односно 2,24 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. Расходите за камати како резултат на повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки, паралелно со пазарните движења, бележат годишно намалување од 2,76 %. Планот на нето-приходи од камати за вториот квартал од 2022 година е остварен со 86,67 %.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 3,06 милиони денари, односно 4,26 % во споредба со претходната година. На страната на приходите, растот главно е генериран од провизии од кредитирање и картично работење, додека на страната на расходите, најголема динамика на раст имаат расходите од работење со платежни картички. Остварувањето на планот за вториот квартал од 2022 година во оваа позиција изнесува 84,81%.

Нето-приходите од курсни разлики се позитивни во износ од 11,42 милиони денари и бележат зголемување од 11,25% на годишна основа, а планот за вториот кавртал од 2022 година е остварен со 84,60%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 6,78 милиони денари, во споредба со периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година, кога беа остварени поголеми вонредни приходи. Планот за вториот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 89,34%.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа изнесува -66,19 милиони денари и е поголема за 415,23 милиони денари во споредба со вториот квартал од минатата година, кога беше ослободена поголема исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа изнесува -1,34 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

Трошоците за вработените бележат зголемување од 3,71% во споредба со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 95,99%. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 11,28%, а реализацијата на планот изнесува 85,60%. Амортизацијата е зголемена за 16,84% на годишна основа, а планот е остварен со 99,35%.

Во услови кога субјектите во економијата се соочуваат со намалена денарска ликвидност, што го отежнува профитабилното работење, а истовремено ги зголемува проблемите при наплатата на кредитите, изразени преку исправката на вредност на проценките за квалитет на кредитното портфолио, финансискиот резултат на Банката е негативен во износ од 41,60 милиони денари.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата, притоа приспособувајќи го своето работење на деловната клима и динамикaта на пазарот. Како фактор на ризик за очекуваното макроекономско стабилизирање, сепак останува неизвесноста околу движењето на инфлацијата, цените на енергенсите, тековните проблеми во синџирите на снабдување, константното зголемување на каматната стапка на благајнички записи и потенцијалните економски реперкусии од развојот на ситуацијата со Русија и Украина.

Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон прудентно, стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Воедно Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работење во согласност со планските цели.

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Објавено

на

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно