Connect with us

Останато

Какво електрично возило е најисплатливо според новиот Закон за данок на возила?

Објавено

на

Откако на 1 јануари 2020 година стапи на сила новиот Закон за данок на возила добро е сите корисници да се информираат дека може да купат електрично возило без воопшто да платат данок за него, но има и уште неколку одредби кои се многу важни да ги знаете.

Корисниците кои ќе купат возило со мотор на електричен погон според новиот Закон ќе бидат задолжени само со плаќање на царина и Данок на додадена вредност, но и тие стапки зависат од самата ефикасност и потекло на возилото.

За електрично возило кое потекнува од земја на ЕУ и има уверение ЕУР1 за потекло нема воопшто да се плаќа царина, односно стапката изнесува 0% доколку се приложи доказ за потеклото. Доколку возилото нема потекло од ЕУ тогаш корисникот за него ќе плати 5% од неговата вредност.

Во однос на стапките на ДДВ засега нема промени и за увоз и на економично и еколошко електрично возило исто така ќе се плаќа 18% ДДВ.  Даночна основа е царинската вредност на возилото зголемена за износот на царината, транспортните трошоци и давачки и надоместоци кои се наплаќаат при увоз.

На европскиот пазар може да се набават квалитетни електрични автомобили од познатите автомобилски брендови, со што корисникот би заштедил на трошоците на царина, а понатаму и на гориво во редовна употреба.

Со новиот Закон на данок на добивка се стимулира купувањето на еколошки возила, па така трошоците за царина и ДДВ се пониски доколку моторот е поефикасен, на пример се дава предност на „бензинец“ во однос на моторите кои користат дизел горива.

Увозниците на автомобили пак, сметаат дека повисоките стапки за увоз на помалку еколошките возила ќе влијаат на намалена продажба на автомобили па затоа и протестираа против мерката.

Инаку новиот Закон за данок на возила беше решителна мерка на Министерството за финансии при што беа одбиени претходните предлози за доделување на субвенции за увоз на автомобили од ЕУ со понови, но истовремено и пониски ЕУР стандарди.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно