Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Централна кооперативна банка АД Скопје за претстојниот период?

Објавено

на

Заклучно со третото тримесечје од 2020 година, Централна кооперативна банка АД Скопје оствари добивка во висина од 14 милиони денари. Овој финансиски резултат е за 20 милиони денари подобар од резултатот остварен минатата година, но е за 43,7% понизок од планираниот за периодот.

Макроекономските услови, во кои Банката ја остварува својата активност во 2020 година, се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции, кога беше предвиден раст на домашната економија. Согласно со објавените проценки на Светска банка, се очекува пад на економската активност од 4,1%.

За таа цел, Банката неуморно работи во насока на помош за погодените клиенти од новонастанатата состојба при што, пред сè, ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање поволни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и од економската криза.

Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката и зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно