Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на УНИБанка за претстојниот период?

Објавено

на

Податоците за остварување на билансните цели на УНИБанка се во согласност со очекуваните во првиот квартал од 2020 година. Растот на кредитното портфолио на банката е речиси на ниво на планираниот, со акцент на порастот на кредитирањето на секторот население, кое бележи пораст од 4% во однос на Декември 2019.

Анализата на структурата на пасиватана билансот на состојба за 2020 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на 99% исполнување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се минимално зголемени во однос на 31.12.2019 година, додека прибраните средства од финансискиот сектор бележат поголемо зголемување од 5% и го надминуваат таргетираното ниво.

Светската пандемија педизвикана од COVID-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

Народна банка и Владата на РСМ донесоа повеќе мерки во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз финансискиот систем во државата. Согласно новонастанатата ситуација со COVID-19, НБРСМ донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик со цел олабавување на условите при преземање и мерење на кредитниот ризик, во времетраење на вонредната состојба, предизвикана од COVID-19.

УНИБанка ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

Својата активност во 2020 година, УНИБанка ќе ја остварува во значително изменети макроекономски услови во однос на првичните проекциите на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

Следствено на тоа, Банката ќе ги преземе сите неопходни мерки и активности за прилагодување на своето работење на новонастанатите состојби, со корегирање на финансиските планови за 2020 година, пред се водејќи сметка за одржување на квалитетот на кредитното портфолио и изнаоѓање на флексибилни решенија согласно потребите и барањата на клиентите кои се најзасегнати со последиците од здравствената и економската криза.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно