Домашни банки
Какви се очекувањата на ТТК Банка за претстојниот период?


Финансискиот резултат на ТТК Банка АД Скопје за периодот јануари – септември 2020 година изнесува 65,5 милиони денари, што е за 25,9 милиони денари или 28,3 % понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониската капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период. Во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот COVID-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 45,8 милиони денари.
Пандемијата од вирусот COVID-19 и понатаму претставува главен извор на неизвесност за глобалната економија. Можното воведување нови рестриктивни мерки заради нов засилен бран на нови случаи би го успорило очекуваното опоравување на економијата. Според последните објавени податоци, падот на домашниот БДП во второто тримесечје од 2020 година изнесува 12,7% на годишна основа, што е во согласност со априлската проекција на НБРСМ и е во насока на остварување на предвидениот годишен пад на БДП од 3,5% за 2020 година.
ТТК Банка АД Скопје и понатаму будно ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и го прилагодува своето работење на новонастанатите состојби и пазарни услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.
Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица кои ќе бидат најзасегнати од COVID-19 кризата.
Со цел креирање одржливи и ефикасни процеси и реализација на планираниот обем на активности во согласност со Деловната политика, во услови кога е неопходно максимално ограничување на физичко присуство и контакти, Банката ќе продолжи да работи на дигитализација на процесите и надградба на производите и услугите достапни преку дигиталните канали (електронско и мобилно банкарство).
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје