Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка АД – Скопје за периодот што претстои?

Објавено

на

Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година. За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади МКД.

Стабилните фундаменти на Банката, изразени преку високата капитална и ликвидносна позиција, успешниот бизнис-модел, прудентниот пристап во управувањето ризиците, како и воспоставените принципи на добро корпоративно управување, овозможуваат и во услови на големи предизвици и негативни влијанија од пандемијата на ковид-19 Банката да продолжи со долгогодишното успешно работење и да остварува високи резултати.

Во согласност со објавените макроекономски податоци за домашната економија, регистриран е пад на БДП во првиот квартал од 1,9 процент на годишна основа.

Официјалните очекувањата за оваа година и натаму се движат од 3,5 проценти до 4 проценти пораст на БДП. Буџетскиот дефицит минатата година изнесуваше 8,1 проценти од БДП, додека за оваа година со ребалансот е проектиран на ниво од 6,5 проценти (претходно 4,9 проценти). На 31.3.2021 година јавниот долг изнесуваше 62,5 проценти од БДП. За истиот период, дефицитот на тековната сметка изнесуваше 61,2 милиони евра или 0,6 проценти од БДП. Според последните проекции на НБРСМ за 2021 година, се очекува кредитен и депозитен пораст од 5,8 проценти и 7,5 проценти соодветно.

Соодветно на овие податоци, Стопанска банка, поаѓајќи од позиција со најголема капитална основа и најголемо кредитно портфолио на македонскиот пазар, очекува да продолжи да расте паралелно со пазарот, можеби поизразено во корпоративниот сектор, а да го одржи водечкото пазарно учество во секторот население. Притоа Банката ќе понуди услови и цени во согласност со пазарните движења, водејќи се примарно од својата кредитна политика при тоа почитувајќи ги најдобрите принципи и стандарди за прудентно работење и управување со ризиците.

Банката продолжува да инвестира во развој и во осовременување на својата мрежа на филијали создавајќи модерни услови за работа за вработените при интеракција со клиентите, ги подобрува карактеристиките на своите дигиталните канали за комуникација и интеракција со клиентите, а воедно продолжува и со интензивна грижа и развој на својот човечки потенцијал.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно