Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола за претстојниот период?

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. И покрај големите предизвици наметнати од пандемијата на вирусот ковид-19, со кои Банката се справува повеќе од една година, фокусот и понатаму останува на остварување на клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката.

Од аспект на оперативното работење, фокусот беше ставен на наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, што заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година, односно нето-добивка во износ од 401,79 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 666,47 % споредено со истиот период од минатата година.

Во периодот што следува Банката очекува стабилно макроекономско опкружување и умерено забрзување на економскиот раст. Во согласност со деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците.

Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел приспособување на понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент. Воедно Стопанска банка а.д. Битола ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје: Во тек е исплатата на септемвриските пензии

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека во тек е исплатата на септемвриските пензии. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја именуваше Гордана Ѓорѓиева за член на Одборот за ревизија

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, Комерцијална банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува за следната ценовно чувствителна информација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Откријте ги предностите на онлајн услугите на Халкбанк: Онлајн кредит и Онлајн депозит

Објавено

на

Брзиот технолошки развој во последниве децении доведе до вистинска дигитална револуција во сите сегменти на секојдневието. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е изземено ниту банкарството. Дигиталната револуција придонесе интензивно да се инкорпорираат придобивките од истото и во банкарскиот сектор така што денес, во современото банкарство, интернетот и мобилното банкарство сè повеќе стануваат примарен канал на комуникација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно