Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка за претстојниот период?

Објавено

на

Во првиот квартал од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со остварување успешни финансиски резултати. Имено, и покрај големите предизвици што пандемијата на ковид-19 веќе подолго од една година им ги наметнува на сите економски фактори и многу пошироко, финансиските резултати на Стопанска банка АД Скопје за првите три месеци од оваа година претставуваат континуитет на долгогодишното успешно работење на Банката како резултат на здравите фундаменти врз кои е поставена, заедно со успешниот бизнис-модел, кој ефикасно се остварува во секојдневното работење.

Во првото тримесечје од 2021 година, Банката оствари добивка пред оданочување во износ од  9,2 милиони евра. Споредено со истиот период од претходната година, кој доминантно може да се карактеризира како пред-ковид период, се забележува намалување од 7% што е последица на пандемијата и пред се резултат на прудентниот пристап на Банката и повисоката исправка на вредност за кредитното портофлио во однос на истиот период од минатата година.

Очекувања за престојниот период  

Согласно објавените макроекономски проекции од страна на релевантни институции, економијата во 2021 година се очекува да оствари раст на бруто домашниот производ кој би се движел во рамки од 3,5%-4% и кредитен и депозитен раст од околу 6%.

Во тој контекст, како Банка со најголема капитална основа и најголемо кредитно портфолио во земјата, Стопанска банка АД – Скопје очекува да се движи во линија на порастот на пазарот, со зголемување на пазарното учество во корпоративниот сектор и задржување на водечкото пазарно учество во секторот на население, преку понуда на услови и цени кои се согласно конкуренцијата, при тоа почитувајќи ги принципите за прудентно работење во своите кредитни политики.

Во делот на депозитното работење, Банката планира задржување на конкурентските услови и понуда на депозити кои ќе ги следат потребите на клиентите како и осовременување на начинот на комуникацијата со клиентите во овој сегмент.

Како и досега, надоградбата и осовременувањето на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат приоритет во проектното портфолио на Банката. Секако, грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на менаџментот како и во досегашното период.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Објавено

на

На денешен ден, ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ што го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија на доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите”

Објавено

на

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка спонзор на концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

Објавено

на

Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно