Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка АД – Скопје за претстојниот период?

Објавено

на

Пандемијата на ковид-19 ја одбележи 2020 година и се одрази на здравјето на луѓето, ги наруши глобалните финансиски текови, ги намали економските активности и дојде до контракција на глобалниот економски систем. Вниманието и активностите на сите надлежни фактори беше фокусирано на преземање мерки за зачувување на здравствената состојба на населението и на овозможување работни услови приспособени на новонастанатите околности.

Врз основа на објавените макроекономски проекции, домашниот бруто-производ во текот на 2020 година се очекува да оствари пад од 4,9% до 5,4%,(НБРСМ, Светска банка) што е веќе инкорпорирано во претставените резултати, додека истите извори предвидуваат закрепнување и пораст на економијата за 2021 година од 3,5% до 4,0%. Буџетскиот дефицит на крајот од годината изнесуваше 8,1% од БДП.

За следната година проектираниот буџетски дефицит е 4,9%. На 31.12.2020 година јавниот долг изнесуваше 59,9% од БДП, при што најголемиот пораст го имаше во вториот квартал, по емитувањето на седмата еврообврзница и кредитот од ММФ.

Според последната проекција на НБРСМ за 2021 година се очекува кредитен и депозитенпораст од околу 6% за 2021 година.

Во тој контекст, предвидувањата на Стопанска банка АД – Скопје, како банка со најголема капитална основа, е да се движи во линија на порастот на пазарот, со очекување да го зголеми пазарното учество во корпоративниот сектор, да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги поставките во својата кредитна политика.

Банката ќе биде фокусирана на постојано надградување и збогатување на понудата на дигитални сервиси, осовременување оперативни процеси водејќи грижа за стабилноста и за сигурноста на информативниот систем.

Грижата за вработените и континуираното функционирање на Стопанска банка АД – Скопје на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на манаџментот, како и во досегашното работење.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно