Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола за претстојниот период?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Стопанска банка а.д. Битола од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 52,42 милиони денари и покрај пандемијата на коронавирусот којашто го зафати светот.

Во периодот што следува, сè поизвесно е дека глобалната економија ќе се соочи со пад предизвикан од здравствената криза од вирусот COVID-19. Пад на економската активност во втората половина од 2020 година, со сите последици што ги повлекува падот, се очекува и во домашната економија. Во согласност со проекциите на Народна банка на Р.С. Македонија, кај бруто-домашниот производ се предвидува пад и навлегување во негативна зона од -3,5% во 2020 година.

Стопанска банка а.д. Битола будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамиката на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Интензивно ќе се работи на развој и понуда на производи приспособени на потребите на клиентите – правни и физички лица што ќе бидат најпогодени од очекуваната криза. Како една од најзначајните стратешки определби на Банката останува понатамошната дигитализација на дел од услугите и процесите, особено во услови на работење кога е неопходно сведување на минимум на физичкото присуство на клиентите во банките.

Активно ќе се следи постоечкото портфолио на кредити со цел да се преземат навремени мерки при детектирани тешкотии во отплатата, а заради одржување на квалитетот на кредитното портфолио.

Во сила остануваат поставените стратешки и деловни цели од Деловната политика, развојниот и финансискиот план, но доколку развојот на настаните наметне таква потреба Банката ќе пристапи кон ревидирање на поставените плански големини.

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Одложување на обврски по кредити за физички лица

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници на кредитни продукти – физички лица дека периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги затвора шалтерот и банкоматот лоцирани во ТЦ Палма мол Тетово

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека услугите на шалтерот и банкоматот на Банката лоцирани во ТЦ Палма мол, Тетово на ул. „Скопски пат” бр. 8 ќе може да ги користат заклучно со 18.9.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно