Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Охридска Банка за претстојниот период?

Објавено

на

Ширењето на корона вирусот Ковид-19 се смета за настан со значително влијание врз глобалната побарувачка и понудата на економски и финансиски ресурси, и со значителна неизвесност во економската активност на голем дел од деловните и економските субјекти.

Во делот на монетарно кредитната политика, НБРСМ како единствено надлежна донесе повеќе мерки во насока на помош на населението и стопанството преку можност за одложување на доспеаните обврски спрема банките, намалување на максимално дозволената договорна и законски казнената камата.

Охридска банка АД Скопје во целост ги почитува мерките донесени од Владата и НБРСМ, го приспособи своето работење согласно донесените уредби и дополнително превзеде активности за заштита на клиентите, како и вработените во Банката.

Банката ја активираше процедурата за работа во вонредни околности, ги дефинираше критичните функции и потребните вработени за обезбедување на континуитет на клучните функции, обезбеди безбедно опкружување и обезбеди работење од далечина онаму каде што е можно, постои активно следење на приливите и одливите, паричните текови и комуникација од далечина со корисниците на кредити со значајна кредитна изложеност.

Охридска банка во овој период вложува максимални напори согласно можностите за подршка на реалната економија, истовремено грижејќи се за ликвидноста која е клучна не само за самата банка, туку и за клиентите кои ни ја довериле довербата, а и за целокупната економија.

Банката објави и нова понуда на кредитни производи со значајни олеснителни услови кои ќе важат се до 30.09.2020 година, за сите клиенти кои имаат потреба од кеш кредити и станбени кредити. Во изминатиот период Охридска банка и донесе бројни одлуки за да помогне во спречување на натамошни инфицирања од Корона вирусот. Како дел од овие одлуки се укинатите провизии за денарски трансакции реализирани преку мобилното и електронското банкарство за да се стимулираат  граѓаните да се воздржат од непотребни посети на експозитури и редовните банкарски услуги да ги извршат преку апликацијата Моја Банка, потоа предвремена исплата на пензиите на пензионерите, обнова на платежните картички и достава на домашна адреса, бесплатни дебитни картички за пензионери, зголемена дезинфекција на мрежата на експозитури и банкомати на Банката итн.

На 44. Седница на Собранието на акционери, беше усвоена Одлуката за докапитализација на Охридска банка во износ од десет милиони евра. Зголемувањето на средствата на Банката во износ од десет милиони евра ќе овозможи одржување на соодветно ниво на стапка на капитал согласно пропишаните стандарди со локалната регулатива, а од друга страна пак докапитализацијата ќе значи подршка на развојот на банката и одговарање на пазарните предизвици особено во оваа 2020 како предизвикувачка година, пред сè, од аспект на македонската економија како во сегментот население, така и во корпоративниот сегмент.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно