Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Охридска банка за спојувањето со Шпаркасе Банка Македонија и влијанието на Ковид пандемијата во 2021 година

Објавено

на

Во ноември 2019 година успешно беше завршен процесот на превземање на Охридска банка, со што Банката стана дел од реномираната Штајермеркише Банк и Шпаркасен, АД Грац, Аустрија и пошироко Ерсте групација.

Согласно стратегијата на групацијата предвидено е интегрирање на двата субјекта при што целта е да се зајакне присуството на локалниот пазар, имајки предвид дека Охридска банка претходно беше дел од силна меѓународна финансиска групација со слична деловна стратегија, стандарди за професионализам и стабилен банкарски модел, високо ориентирана кон клиентот и препознатливост на пазарот и високо ниво на задоволство на клиентите, кои параметри се вклопуваат со стратегијата на Групацијата Штермеркише Банк и Шпаркасе.

Големината на финансиските институции станува есенцијален фактор за успех, особено во услови на сегашните трендови на дигитализација и автоматизација на финансиски услуги. Флексибилноста и способноста за приспособување претставуваат нови карактеристики кои финансиските институции треба да ги поседуваат со цел да бидат способни да се соочат со предизвиците што ги носи дигиталната ера, преку различни форми на партнерства, спојувања и аквизиции.

Интегрираниот ентитет се очекува да има зголемен капацитет за кредитирање и да може да сервисира поголем дел од потребите за кредитирање на водечките компании и со својата стручност и пристап да биде локална подршка за нивниот бизнис и природен партнер на меѓународните и компаниите од ЕУ.

За клиентите физички лица, како и малите и средни претпријатија ќе продолжат да се развиваат модерни и дигитални банкарски производи, како и целосен фокус на квалитетот на услугата за клиентите.

Најголемите придобивки се очекува да бидат резултат на економијата од обем и додадената вредност. Имено, ефектите на синергија се проценуваат како деловни и финансиски, со тоа што деловната синергија е резултат на потенцијалот за намалување на трошоците – директна последица на економија од обем.

Стратешки цели за наредниот период:

– Зголемување на комерцијалните активности (превземање на нови клиенти и задржување на постојните, кредитен и депозитен раст).
– Зголемување на продажбата преку надградување на постојните и воведување на нови продажни канали.
– Позиционирање како референтна банка за сите сегменти на клиенти
– Зголемување на квалитетот како клучна стратешка цел
– Иновација, симплификација, дигитализација, автоматизација.
– Навремено и успешно усогласување со локалната банкарска регулатива – групациските правила и најдобрите банкарски практики.
– Рационализација, зголемена ефикасност, контрола на трошоци и заштеда.

Очекувања за влијание на ковид пандемијата во 2021 година

Народната Банка во ноемвриските макроекономски проекции, предвиде пад на БДП за 2020 година од -4,9% (споредено со априлскикте проекции со предвидување од -3,5%) и закрепнување на економијата во 2021 година од 4,7% (наспроти априлските проекции од 3,9%). Што се однесува до монетарните агрегати, проекциите за 2021 се кредитниот раст од 6.0% и депозитен годишен раст од 6,2%. Оценките за периодот 2021-2023 се продолжени ефекти од пандемијата, но секако клучно влијание ќе има времетраењето на пандемијата при што акомодативната монетарна политика се очекува да биде задржана и во 2021. Продолжените ефекти се очекува да бидат присутни поинтензивно во првата половина од 2021 година, додека потоа се очекува да следи закрепнувањето.

Прудентното управување со ризиците, особено кредитниот ризик и понатаму останува императив за Банката да генерира квалитетно портфолио и приходи од камата, секако со поголема диверзификација на приходите.

Поддршката на дигитална и зелена економија ќе бидат приоритет и се очекува дека овие приоритети ќе придонесат кон надминување на кризата и дополнителен развој на економијата во целина.

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години

Објавено

на

Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

Објавено

на

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)

Продолжи со читање




Популарно