Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на НЛБ Банка за периодот што претстои?

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги објави финансиските резултати за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година во кој Банката работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, и покрај продолжените негативни ефекти од пандемијата КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

И во првиот квартал од 2021 година, Банката успеа да оствари позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во овој период, Банката продолжи со имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Очекувања за претстојниот период

Како резултат на негативните ефекти од КОВИД-19 пандемијата македонската економија во 2020 година оствари годишен пад на БДП од -4,5% по солидниот раст од 3,2% во 2019 година. Падот на економијата беше во согласност со очекувањата, а условен од падот на домашната потрошувачка, која пак директно беше поврзана со мерките за ограничување и надворешното окружување. Нарушувањата кај глобалните канали на снабдување имаа значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, особено во вториот квартал од 2020 година по воведувањето на вонредната состојба во земјата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и мерките преземени за здравствена заштита од страна на Владата на Република C. Македонија.

Согласно најновите предвидувања од домашните и странските институции макроекономскиот изглед на среден рок е позитивен но сепак условен од високи негативни ризици кои произлегуваат од неизвесноста за времетраењето на пандемијата и покрај оптимистичките најави за вакцинација. Оттука, земајќи ги во предвид проекциите за економски раст, 2021 година ќе биде година на економско заздравување, при што се очекува македонската економија да оствари позитивен раст кој би се движел помеѓу 3,6%-4,1%, при очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9% од БДП на крајот на 2021 година, но дополнителната државна помош на населението и компаниите најавени во 2021 година, ќе реализираат повисок буџетски дефицит.

Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции. Банката редовно превзема мерки за заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија, а како современа и креативна банка, ги следи светските технолошки трендови, истовремено насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со континуирано унапредување на банкарските процеси.

Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно