Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на НЛБ Банка за претстојниот период?

Објавено

на

Македонската економија ја заврши 2019-тата година со економски раст од 3,6% кој беше придвижен од домашната побарувачка, при соодветно поставена монетарна политика и стабилен банкарски систем.

На крајот на првиот квартал од 2020 година со воведувањето на вонредна состојба во државата како резултат на пандемијата
КОВИД-19 и превземените мерки за здравствена заштита од страна на Владата на Р.С.Македонија, економската активност значително се намали.

Пандемијата КОВИД-19 се очекува да има значително негативно влијание на македонската економија, а влошувањата на економските показатели се очекуваат да се засилат во вториот квартал на 2020 година поради прелевањата од глобалната и домашната рецесија. Новите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 1,4% согласно оптимистичкото сценарио на Светска Банка и пад од 4,0% согласно Меѓународниот монетарен фонд. Народната банка предвидува пад од 3,5% за 2020 година.

Сепак, имајќи во предвид дека ова е “ еднократна” глобална криза, која не потекнува од финансиските пазари но, сепак како резултат на нејзината големина и непредвидливост остава голема неизвесност за сите компании, попрецизни економски и финансиски предвидувања не се достапни во моментов.

Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.

Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка, ние ќе продолжиме да превземаме мерки за заштита на нашите клиенти и да ги нудиме најоптималните решенија. Банката ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Домашни банки

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Објавено

на

Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно