Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на НЛБ Банка за претстојниот период?

Објавено

на

Македонската економија во изминатата година забележа раст придвижен од домашната побарувачка, кој се очекува да забрза во 2020 година при соодветно поставена монетарна политика и стабилен банкарски систем.

Во таа насока, а следејќи ја својата стратегија, НЛБ Банка АД Скопје и во наредната година во фокусот на своето работење го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент. Банката во следниот период ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано ќе ја осовременува мрежата на експозитури која моментално претставува најдоминантен канал за достапност и продажба на продуктите и услугите на Банката. Со тоа на своите клиенти, Банката им дава избор да се одлучат за новите и современи или за традиционалните начини на контакт и работење со Банката, во зависност од нивните навики, потреби и очекувања.

Во годината која следува, се очекува Банката да продолжи со интензивни кредитни активности, како во сегментот на претпријатија, така и кај физичките лица, засилена продажба на полисите за животно, неживотно и пензиско осигурување, како и поинтензивно користење на услугите на платните сервиси адекватно на сезонските движења во економијата, што ќе придонесе за континуирано позитивно работење и остварување на планираните цели утврдени за наредниот период.

Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, интензивно ќе се работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Домашни банки

Шпаркасе: Очекувајте ефикасно решение за одложување на обврските по основ на кредитни изложености

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија на својата веб страница објави кратка информација поврзана со развојот на концептот за олеснување на отплатата на кредитните изложености, за граѓаните и компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за промена на работно време на експозитура Скопје-ГТЦ на Штедилница Можности

Објавено

на

Штедилница Можности ги информира своите клиенти дека досегашното работно време на експозитурата во Скопје-ГТЦ од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот се менува и од 30.03.2020 година (понеделник) експозитурата ќе работи со променето работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување на отплатата на кредитните прозиводи за своите клиенти

Објавено

на

Во услови на вонредна состојба и значајни рестрикции кои со себе неминовно носат финансиски ефекти врз работењето на компаниите и примањата на населението, Стопанска банка АД – Скопје подготвува соодветна понуда за олеснување во плаќањето за сите свои клиенти на кредитни производи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно