Домашни банки
Какви се очекувањата на НЛБ Банка за периодот што претстои?


НЛБ Банка АД Скопје ги објави финансиските резултати за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година во кој Банката работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност,паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.
Како резултат на негативните ефекти од КОВИД-19 пандемијата македонската економија влезе во рецесија во 2020 година. Падот на БДП за првата половина на 2020 година е -6,4 % (Q2 2020: -12,7%), додека последните проекции за 2020 година се поостри од пролетните прогнози заради намалување на домашната и надворешната побарувачка и мерките за ограничување.
Нарушувањата во глобалните синџири на снабдување имаа значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, особено во вториот квартал од 2020 година по воведувањето на вонредната состојба во земјата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и мерките преземени за здравствена заштита од страна на Владата на Република C. Македонија.
Најновите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 4,1% според Светска банка и пад од 5,4% според Меѓународниот монетарен фонд. Министерството за финансии во своите последни макроекономски проекции предвидува пад на БДП од 4,4% за 2020 година. Јавниот долг на државата заклучно со 30.9.2020 изнесува 60,7% од БДП. Буџетскиот дефицит е проектиран на 8,4% од БДП на крајот на 2020 година. Неизвесноста за времетраењето на пандемијата и нејзините ефекти претставуваат голем ризик за опоравување на економијата, бидејќи подолг период на мерки за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходот и потрошувачката на домаќинствата.
Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.
Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка, НЛБ Банка АД Скопје ќе продолжи да превзема мерки за заштита на своите клиенти и да ги нуди најоптималните решенија. Банката ќе
продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.
Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје