Домашни банки
Какви се очекувањата на НЛБ Банка АД Скопје за претстојниот период?


Во периодот од од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 705,4 милиони.
Македонската економија по високиот раст на БДП од 3,6% во 2019 година, прикажа економски пораст во првиот квартал од 2020 година од само 0,2% како резултат на пад кај преработувачката индустрија и пад на извозот и увозот на стоки и услуги.
На крајот на првиот квартал од 2020 година со воведувањето на вонредна состојба во државата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и превземените мерки за здравствена заштита од страна на Владата на Р.С.Македонија, економската активност значително се намали чии последици значително се влошија во вториот квартал од годината поради прелевањата од глобалната и домашната рецесија.
Новите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 1,4% согласно оптимистичкото сценарио на Светска Банка и пад од 4,0% согласно Меѓународниот монетарен фонд. Народната банка предвидува пад од 3,5% за 2020 година. Сепак, имајќи во
предвид дека ова е “ еднократна” глобална криза, која не потекнува од финансиските пазари, но сепак како резултат на нејзината големина и непредвидливост остава голема неизвесност за сите компании, попрецизни економски и финансиски предвидувања не се достапни во моментов.
Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.
Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка, ние ќе продолжиме да превземаме мерки за заштита на нашите клиенти и да ги нудиме најоптималните решенија. Банката ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.
Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје