Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на менаџментот на НЛБ банка за претстојниот периодот?

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Очекувања за претстојниот период

Рецесијата која ја одбележа македонската економија во 2020 година како резултат на КОВИД-19 пандемијата продолжи и во првиот квартал од 2021 година. Во првите три месеци од годината падот на БДП изнесуваше 1,9% како директна последица од третиот бран на пандемијата кој беше проследен со негативни мерки. Падот во овој период е резултат на намалувањето на бруто инвестициите и јавната потрошувачка, додека раст беше забележан во секторот градежништво, дејности со недвижен имот и земјоделство. Заздравувањето на економијата кој се очекува во 2021 година, се проценува дека ќе започне најрано есента, но сепак враќањето на претпандемиско ниво на раст, економијата се очекува да го прикаже во 2022 година, под претпоставки на враќање на тековно функционирање на глобалните канали на снабдување, кои имаат значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, како и на воведувањето на нови мерки на ограничување.

Согласно најновите предвидувања од домашните и странските институции макроекономскиот изглед на среден рок е позитивен но сепак условен од високи негативни ризици кои произлегуваат од неизвесноста за времетраењето на пандемијата и покрај оптимистичките најави за вакцинација. Земајќи ги во предвид проекциите за економски раст, македонската економија во 2021 година се очекува да оствари позитивен раст кој би се движел помеѓу 3,6%-4,1%, при очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка.

Умерен притисок сe очекува и на инфлацијата, земајќи ги во предвид зголемувањата на цените во обид да закрепнат економиите како на глобално така и на домашно ниво и тоа првенствено на порастот на глобалние цени на енергија и цените на храната. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9% од БДП на крајот на 2021 година, но дополнителната државна помош на населението и компаниите најавени во 2021 година, ќе реализираат повисок буџетски дефицит.

Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции. Банката редовно превзема мерки за заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија, а како современа и креативна банка, ги следи светските технолошки трендови, истовремено насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со континуирано унапредување на банкарските процеси.

Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржување или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно