Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Комерцијална Банка за претстојниот период?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.06.2020 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 743,3 милиони денари и покрај пандемијата на коронавирусот којашто го зафати светот.

Светската пандемија со Kовид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз Македонската економија која е од отворен тип. Согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти веќе се видливи, додека последиците врз финансискиот систем ќе се почувствуваат со одредено временско задоцнување.

Комерцијална банка АД Скопје ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.

Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година. Согласно објавените проекции од Народната банка, се очекува БДП во 2020 година да забележи пад од -3,5%.

Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.

Домашни банки

Силк Роуд Банка на корисниците на American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава

Објавено

на

Силк Роуд Банка на своите корисници кои поседуваат American Express Point дебитна картичка им овозможува подигнување на средства без провизија на повеќе од 200 банкомати во земјава, заклучно до 31.12.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје продолжува со својата општествена одговорност за поздрава животна средина и за спортска активност и здрав начин на живот за граѓаните

Објавено

на

Со отворањето на #Велоштад во текот на вчерашниот ден, Скопје ја доби 6тата станица за поправка на велосипеди, донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Електронско ажурирање на личните податоци во НЛБ Банка без посета на експозитура

Објавено

на

Ажурирајте ги Вашите податоци во НЛБ Банка, брзо, лесно и едноставно! (more…)

Продолжи со читање

Популарно