Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.09.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.355,1 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.310,6 милиони денари што претставува зголемување за 3,4%. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 91,7%.

Овој позитивен резултат од работењето, Банката го оствари во услови на постепено закрепнување на економијата од последиците поврзани со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Kовид-19, при што и понатаму остануваат присутни одредени ризици и неизвесност поврзани со пандемијата.

Очекувања за претстојниот период

Макроекономските услови во кои Комерцијална банка АД Скопје ќе ја остварува својата активност до крајот на 2021 година се условени од динамиката на опоравување на стопанството од здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19.

Растот на глобалната економија се карактеризира со исклучителна неизвесност, при што се забележуваат дивергентни движења гледано по одделни економии и сектори, а исто така благо нагорно придвижување бележи и глобалната инфлација. Проекциите на ММФ за глобалниот раст во 2021 година изнесуваат 6,0%, додека во евро-зоната растот се очекува да изнесува 4,4%. Согласно пролетните проекции од НБРСМ, економската активност во 2021 година се очекува да заздрави, при што растот е проектиран на 3,9%, додека стапката на инфлација е проектирана на 2,2%.

Реализацијата на макроекономските проекции е придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на здравствената криза, интензитетот на ефектите врз економијата и резултатите од економските мерки за нејзино ублажување, како и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси и задржувањето на политичката стабилност во земјата.

Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, при што и во следниот период ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.

Домашни банки

Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

Објавено

на

Правецот Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИБанка: Известување за Експозитура Лептокарија

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека Експозитура Лептокарија започнувајќи од 15.08.2022г. (понеделник) ќе биде привремено затворена поради реновирање. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

УНИ Банка ќе издаде нова емисија на Перпетуална обврзница на износ од 2,5 милиони евра

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје ќе издаде нова емисија на капиталниот инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 2,5 милиони евра. Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно