Connect with us

Домашни банки

Какви се очекувањата на Комерцијална Банка за претстојната 2021 година!?

Објавено

на

Макроекономските услови во кои Комерцијална Банка ќе ја остварува својата активност во текот на 2021 година се условени од ефектите од здравствената и економската криза која започна на почетокот на 2020 година. Покрај изразеното неповолно влијание на здравствената криза, макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност исто така е условено и од геополитичките состојби, блокадата на евроинтеграциските процеси на Државата и домашните политички случувања.

И покрај економската и пред се здравствената светска криза поради пандемијата на коронавирусот, Комерцијална Банка во изминатата 2020 година од своето работење оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.912,0 милиони денари односно неверојатни 29,4 милиони евра. Добивката и во услови на криза е повисока во споредба со претходната 2019 година, кога Банката освари профит од 1.806,8 милиони денари, такашто истата е зголемена за 5,8%. Планираната бруто-добивка за 2020 година е остварена со 105,4%.

Во услови на значајно влошување на меѓународното економско окружување и негативни економски импликации од спроведувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот во земјата, економската активност во 2020 година се очекува да забележи пад кој би се движел од -5,4% до -4,9%, при претпоставка шокот од пандемијата да се пролонгира во 2021 година. Економското заздравување се очекува да продолжи со поумерено темпо во текот на 2021 година, при што е проектиран економски раст од 3,9% до 4,8%.

Се очекува да биде одржана макроекономската стабилност во Република С. Македонија преку одржување на ценовната стабилност и стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Просечната годишна стапка на инфлацијата, мерена според индексот на трошоците на животот, во 2020 година се очекува да изнесува околу 1%, како резултат на пад на увозните цени и на домашната побарувачка. Потоа, во 2021 година стапката на инфлација би останала на ниско и предвидливо ниво кое би се движело околу 1,5% годишно.

Динамиката на кредитниот раст бележи забавување во 2020 година, додека годишниот пораст на вкупните кредити на банкарскиот систем во 2021 година се очекува да достигне околу 6,0%. Порастот на кредитите би се финансирал првенствено од депозитната база на банките, при што се очекува растот на вкупните депозити на нефинансискиот сектор да достигне околу 6,2% во 2021 година.

Реализацијата на макроекономските проекции е придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на здравствената криза, интензитетот на ефектите врз економијата и резултатите од економските мерки за нејзино ублажување, како и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси и задржувањето на политичката стабилност во земјата.

Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, при што и во следниот период ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно