Домашни банки
Какви се очекувањата на Комерцијална Банка за претстојниот период?


Во периодот од 01.01-30.09.2020 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.310,6 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.300,6 милиони денари што претставува зголемување за 0,8%. Планираната бруто-добивка за деветте месеци од годинава е остварена со 89,1%.
Светската пандемија со ковид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз Македонската економија која е од отворен тип. Согласно објавените податоци и показатели за остварувањата во реалниот сектор, негативните ефекти се видливи со крајот на вториот квартал, додека последиците врз финансискиот систем ќе се почувствуваат со одредено временско задоцнување.
Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.
Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност во 2020 година се очекува значително да се разликуваат во однос на првичните проекции на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година. Согласно објавените проекции од Народната банка, се очекува БДП во 2020 година да забележи пад од -3,5%. Според меѓународните финансиски организации, прогнозата за намалувањето на БДП е поголема и се движи од -4,1% (Светска банка) до -5,4% (ММФ).
Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, соодветно корегирање на финансиските проекции за 2020 година при што ќе биде фокусирана пред се’ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје