Connect with us

Платежни картички

Какви поволности нуди новата Visa Gold картичка на Халкбанк?

Објавено

на

Visa Gold е најновата кредитна картичка од портфолиото на Халкбанк АД Скопје која обезбедува поголема куповна моќ за клиентот бидејќи е со максимален кредитен лимит до 600.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на барателот, а истата за клиентот вклучува и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување.

Новиот производ е наменет за физички лица кои се приматели на плата или пензија преку Халкбанк или клиенти кои ќе ја обезбедат картичката со депозит.

Халкбанк за првите 1.500 корисници на Visa Gold кредитна картичка обезбеди и подарок – 500 бонус поени за направена минимум една трансакција на ПОС терминал.

Visa Gold нуди револвинг кредитен лимит, кој не е врзан за број на плати, и е со можност за минимално месечно враќање од само 3 % од искористениот лимит кој што може понатаму повторно да се користи. Станува збор за бесконтактна картичка која обезбедува: брз и едноставен начин на вршење трансакции, со само еден допир на картичката на ПОС терминалот, подигање готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје, како и можност за рефинансирање на кредитни картички од другите банки.

Истата е без жиранти, без админитративна забрана од плата и трошоци за одобрување и е со, во моментов, најниска каматна стапка за овој вид картички од само 7,5%.

Со Visa Gold на Халкбанк може да се плаќа до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката, а исто така со трансакции направени на различни типови продажни места објавени од страна на Банката се собираат бонус поени кои понатаму можат да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк. И резервациите на booking.com направени со Visa Gold на Халкбанк обезбедуваат поврат од 4% од износот на направената трансакција.

Сите заинтересирани за Visa Gold можат да аплицираат веднаш преку достава на Апликација во најблиската филијала/експозитура или преку online апликацијата на Халкбанк АД Скопје.

Платежни картички

ШПАРКАСЕ БАНКА: ПРВА БАНКА ШТО ЌЕ ИЗДАВА ЦЕЛОСНО РЕЦИКЛИРАЧКИ КАРТИЧКИ 

Објавено

на

Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

ИутеКредит ја воведува првата биоразградлива картичка во земјата

Објавено

на

Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Промотивна акција за Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка за уживање во празничната магија

Објавено

на

Со Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка дозволете си повеќе за време на волшебната и празнична сезона и исполнете ги своите и желбите на најблиските. (more…)

Продолжи со читање

Популарно