Connect with us

Осигурување

Какви поволности нуди доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување?

Објавено

на

Доброволното приватно здравствено осигурување е доброволно и долгорочно осигурување и може да се договори најмалку во траење од една година од денот на почеток на осигурувањето. Доброволното здравствено осигурување не е животно осигурување или дополнително осигурување кон осигурувањето на живот согласно со Законот за супервизија на осигурување. Правата и обврските кои произлегуваат од доброволното приватно здравствено осигурување не можат да се пренесуваат ниту да се наследуваат.

Доброволното приватно здравствено осигурување значи грижа за сопствената и иднината на Вашите најблиски. Обезбедете врвна здравствена услуга, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита.

Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје обезбедува покритие со врвна здравствена заштита на своите клиенти преку покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, ги покрива трошоците за здравствените услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во кои се врши здравствена дејност и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.

Кој може да биде осигуреник?

Со ова осигурување може да се осигура лице од 0 до 70 години кое има регулиран престој во Република Северна Македонија и кое врз основа на Закон за задолжително осигурување има статус на осигурено лице со задолжително здравствено осигурување. Осигуреници може да бидат и лица странски државјани кои не се опфатени со системот на задолжително здравствено осигурување со регулиран престој.

Осигурителни покритија:

А – СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО ВОНБОЛНИЧКО И БОЛНИЧКО ЛЕКУВАЊЕ

Б – ОПЕРАЦИИ

Ц – ТЕШКИ БОЛЕСТИ

Д – СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ

Е – ОФТАЛМОЛОГИЈА

Ф – ДИЈАГНОСТИКА НА СЕЗОНСКИ ГРИП

Територијално покритие:

Македонија (А, Б, Ц, Д, Е и Ф)

Турција (само осигурително покритие Б)

Осигурително покритие и пакети на осигурување:

  • HALK CARE (А, Б, и Ц) Вкупно покритие: 20.000 Евра
  • HALK PROTECT (А, Б, Ц, Д, Е и Ф) Вкупно покритие: 35.000 Евра
  • HALK VIP MEDICAL (А, Б, Ц, Д, Е и Ф) Вкупно покритие: 50.000 Евра

Зошто да го изберете доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување?

Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување ги покрива трошоците направени за специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, операции, лекувања, рехабилитација и лекови во приватните здравствени установи преку директна исплата.

Во самото покритие на Доброволното приватно здравствено осигурување се вклучени и покритија за хронични болести и состојби како и покритие за пакет породување и трошоци за здравствена заштита на трудница. Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно. Оваа полиса обезбедува најконкурентни покритија по најповолни цени на пазарот за осигурување, кои се креирани согласно потребите и барањата на клиентите.

Доброволно приватно здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои Халк Осигурување АД Скопје има склучено договор за соработка. Станува збор за водечките приватни клинички болници и специјалистички здравствени установи (Аџибадем Систина, Жан Митрев Клиника, Оне Хоспитал…) во кои осигурениците можат да користат здравствени услуги, врз основа на полисата за доброволно приватно здравствено осигурување и во согласност со условите на осигурувањето.

Осигурување

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Објавено

на

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно