Connect with us

Анализи

Какви поволности носи Ребалансот на Буџетот за граѓаните и стопанството?

Објавено

на

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

Детално образложение за проекциите во приходната и расходната страна на Буџетот ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден со почеток во 14:00 часот. Прес-конференцијата за ребаланс на Буџетот ќе одржат министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик министерката за финансии, Ширет Елези.

Владата донесе два пакети за помош на стопанството, а веќе е подготвен и третиот пакет мерки за поддршка на стопанството и населението кој ќе изнесува околу 350 милиони евра, во вид на директна помош за граѓаните и за таргетираните стопански сектори.

Новиот пакет мерки на Владата ќе донесе значителна помош за граѓаните, кои во моментов се невработени односно останале без работа поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Се споменува парична помош и ваучери во износ од околу 9.000 денари. Со новите мерки опфатени ќе бидат и студентите и средношколците.

За компаниите се предвидува помош во вид на кредити или гаранции за кредити, но можно е и нови линии на бескаматни кредити со грејс период.

Со ребалансот на буџетот ќе има поддршка и за земјоделците, кои ќе добијат субвенции за набавка на гориво за механизација, а можно е и зголемување на субвенциите за продажба на производите.

Иако, министерката за финансии Нина Ангеловска во неколку наврати истакнуваше дека потребно е значително намалување на платите во државната администрација и јавниот сектор, сепак тоа нема да се случи со оглед дека не дошло до консензус.

Предвидено е намалување на расходите во Буџетот за околу 2%. Во моментов проекцијата на државната каса е 3,9 милијарди евра, па со предвиденото намалување од два проценти, кратењето на расходите би изнесувало околу 78 милиони евра.

Буџетскиот дефицит од сегашните 2,3 проценти ќе се зголеми на 6,8 проценти од БДП, колку што е и најновата прогноза на ММФ. Проекциите на Министерството за финансии за економската активност во државава се намалување на БДП за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид-19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти.

Сепак, ова се неколку претпоставки за Ребалансот на Буџетот и новите пакет мерки на Владата за помош на стопанството и не се официјални податоци. За официјалните податоци ќе добиеме информации на прес-конференцијата која е најавена за 14 часот.

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно