Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Какви новини носи новата шефица на ЕЦБ!?

Објавено

на

За економистите ќе биде лесно да се согласат дека монетарната политика е неопходен инструмент во време на финансиска криза. Кога пазарите за пари и ликвидност ќе се замрзнат, одлучувачката монетарна интервенција ќе го омекне ударот. Но, кога работите ќе се вратат во нормала, монетарната политика порано или подоцна ја губи својата магична моќ.

Каматните стапки можат да одат на нула или минус; Може да се добијат стимулации за оние кои сакаат да го зголемат својот (ефтин) долг; имагинативните економисти можат да замислат „пари од хеликоптер“ (демократски, се разбира) „дистрибуирани“ на луѓето. Но, колку што е јасно, има невидлива дупка: колку и да се додава ликвидност вештачки, нема ефект. Некаде економијата „пропушта“, не се гледа влијание врз растот.

Харизматичниот претседател на Извршниот одбор на Европската централна банка, Марио Драги, на кого по 8 успешни години на чело на ЕЦБ, на 1ви ноември му заврши мандатот, се здоби со слава на сметка на граѓаните кои одново почнаа да уредуваат и да купуваат недвижнини, да трошат и со нови кредити да ги рефинансираат своите залихи и инвестиции.

За краток период, тие тектонски поместувања кои ги наложи Италијанецот директно од Франкфурт, го опфатија речиси целиот банкарски систем во Европа, а исклучок не е ниту Балканот. Па така, секој граѓанин кој има некаков кредитен производ и за кој исплаќа историски најниска каматна стапка, може да завее знаме со натпис „Благодарам, Марио!“, иако веројатно никогаш не го видел човекот, а можеби ниту слушнал.

Втората половина од мандатот на Супер Марио, како што беше надалеку познат, не беше толку блескав. Тој настојуваше со драстични мерки да ја засили инфлацијата (бидејќи во еден момент во 2016 година влезе во опасна зона на дефлација) и економскиот раст.

Кон крајот на својот мандат, Италијанецот помеѓу редови, ја призна немоќта на форсираната монетарна политика, се повеќе насочувајќи се кон другите економски политики – структурни и фискални, чии креатори во свои раце ги држат клучевите за раст и развој.

За ликот и делото на Марио Драги може да пишуваме до бесконечност, но тој сега веќе е минато за банкарството во Европа. Сега се насочуваме кон наследничката на италијанецот, довчерашната директорка на ММФ, Кристин Лагард. Со нетрпение ги очекуваме нејзините први позначајни чекори за стабилизирање на макроекономската стабилност. Дали французинката ќе се обиде да ја врати вербата во митските моќи на монетарната политика или ќе продолжи по патот на својот претходник останува да ни покаже времето.

 

Говорејќи на Европскиот банкарски конгрес во Франкфурт изминатиот петок, Лагард ја елиминираше секоја дилема која постоеше. Таа испрати порака што би можеле да ја протолкуваме на следниов начин: Улицата стана претесна, извадете ме од тука!

Тоа не беше вообичаен говор на централниот банкар. Тоа беше политички говор за нов почеток. Таа го цитираше Т.С. Елиот: „Секој момент е нов почеток“, но не за Европската централна банка, туку за цела Европа. Многупати сме слушнале и ништо не се случило, призна таа, но смело продолжи: „Овој пат е поинаку“.

Тоа беше говор за реструктуирање и подобрување на глобалните односи, за надминување на неизвесноста од трговските војни, за новите технологии кои ги истиснуваат старите, нагласувајќи ја потребата за иновации и инвестиции што ќе доведат до раст и покрај стареењето на населението: „Ни треба нов микс на политики“, истакна Лагард и започна од нејзиниот домен и одговорност – монетарната политика.

Значи, што е следно во тој сегмент, тој дел од говорот што со нетрпение го чекавме? Стратешки преглед на досегашната монетарната политика. Таа не изјави „ние ќе формираме комисија за да ги разгледаме и решиме проблемите“, но меѓуредови, Лагард го кажа токму тоа.

Потоа, следеше осврт на фискалната политика. Тоа се оние делови од говорот на централните банкари кои политичарите воопшто не ги сакаат затоа што им влегуваат во теренот и по малку им се вмешуваат во нивниот домен на делување.

Лагард зборуваше за потребата од стимулирање на агрегатната побарувачка преку фискална експанзија и, пред сè, промена на структурата на јавните расходи во корист на инвестициите, особено инвестициите во образованието, дигиталната економија и подобрување на функционирањето на институциите.

Тоа беше говор кој, без промена на запирка, може да се копира на таблетот на кој било претседател или потпретседател на европска влада, малку зачинет со политички ветувања. Европските банкари поготово водечките преку вакви говори сакаат да покажат начитаност и знаење кое честопати се преточува во убави цитати од светски историски ликови.

Па така, и Лагард го заврши својот говор повикувајќи се на Свети Фрањо Асишки, потврдувајќи го тоа што го најави уште на почетокот на нејзиниот мандат, а тоа е сознанието дека моќта на монетарната политика во голема мерка е прашање на верба. „Започнете со она што е потребно, продолжете со она што е возможно и одеднаш, ќе го направите невозможното“. – изјави за крај новата претседателка на Европската централна банка.

Говорот на Кристин Лагард и нејзината верба се за секоја пофалба, но сепак, доколку се спуштиме на земја и го земеме во предвид нејзиниот мандат во времетраење од 4 години, се поставува прашањето како и каде да ги пронајдеме изворите за толку длабока верба додека монетарната политика подолго време е под ревизија пред комисијата?

Анализи

ТТК Банка ја дуплираше добивката, додека другите банки бележат голем пад на профитот

Објавено

на

ТТК Банка е изненадување во банкарскиот сектор за првите девет месеци од годинава со значително подобрување на финансиските резултати. Според оствареното во првите три квартали од 2019 година, ТТК Банка е речиси единствена со зголемена добивка споредено со истиот период лани, и гледано процентуално има најголем раст од дури 50%. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange