Connect with us

Форекс

Какви измени и дополнувања на Правилата за котација на Берзата ќе се применуваат од 21.09.2020 година?

Објавено

на

Од 21.09.2020 година ќе отпочне со примена Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 28.07.2020 година, а за кои е добиена согласност со Решение на КХВ бр. УП1 08-60 од 21.08.2020 година.

Најважни новини кои се воведуваат со овие измени и дополнувања на Правилата за котација се следните:

  • Котираните друштва најдоцна до крајот на месец јануари, секоја година, ќе треба да објавуваат календар на настани во кој ќе бидат прецизирани неделите од годината во кои ќе вршат објави на финансиски извештаи или други битни настани поврзани со работењето на друштвото.
  • Извршено е општо намалување на роковите за објава на периодичните финансиски извештаи, согласно најдобрите регионални и европските пракси, и тоа:

o    тримесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 30.04., а консолидираните најдоцна до 15.05. (до сега роковите беа 15.05. и 31.05.)
o    шестмесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 31.07., а консолидираните најдоцна до 15.08. (до сега рокот и за двата беше 31.08.)
o    деветмесечните неревидирани финансиски извештаи најдоцна до 31.10., а консолидираните најдоцна до 15.11. (до сега роковите беа 15.11. и 30.11.)
o    годишните неревидирани неконсолидирани финансиски извештаи најдоцна до 01.03., а консолидираните најдоцна до 01.04. (до сега рокот беше идентичен, но со можност за одложување во зависност од доставувањето во Централен регистар)
o    ревидирани финансиски извештаи и годишниот извештај за работењето во рок од 7 дена од усвојување на собрание на акционери, но не подоцна од 31.05. (до сега не беше утврден краен рок).

  • Воведени се нови мерки за непочитување на Правилата за котација, вклучително и воведување на „Листа за набљудување“, којашто е предвидено да биде јавно достапна на веб страницата на Берзата и на којашто ќе се внесуваат издавачи за кои Берзата смета дека треба да и се обрне внимание на инвеститорската јавност „поради посериозно непостапување од страна на издавачот или поради други ситуации поврзани со хартиите од вредност или издавачот“.
  • Доуредување на постапката за суспендирање на котацијата и мерката „привремено прекинување на тргувањето“, воведување на можност Берзата да прими на котација и хартии од вредност или издавачи кои според нејзино уверување претставуваат потенцијал за тргување на пазарот, додефинирање на постапките за префрлање и исклучување од котација на хартии од вредност, доуредување на доставувањето на одлуки и други документи согласно Правилата до котираните друштва, како и на правото на жалба на издавачите во врска со одлуките донесени од страна на Берзата.

Пречистениот текст на Правилата за котација во којшто се целосно вградени сите измени и дополнувања направени со оваа Одлука може да ги најдете на следниот линк.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно