Connect with us

Домашни банки

Казна за кредиторот ако трошоците за кредитот надминат половина од неговата вредност

Објавено

на

Глоби од две илјади до три илјади евра ќе плаќаат фиансиските друштва или банките кои за дадениот кредит ќе наплатат поголеми трошоци од законски предвидените. Освен ова, за истиот прекршок има и глоба од 500 до 800 евра за одговорното лице кај кредиторот.

Ова се санкциите кои ги предлага Министерството за финансии со измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, со кои ја регулира стапката на вкупни трошоци кај кредитите до 200 евра, кои ги даваат финансиските друштва, а во последно време и некои банки.

Според објавената верзија на Предлогот за изменување и дополнување на овој Закон, од стариот закон се исфрла ставот со кој од законската регулатива се изземаат договорите за кредит на износи помали од 200 и повисоки од 75.000 евра во денарска противвредност. Со тоа се овозможува под контрола на Министерството за финансии да бидат и трошоците што се пресметуваат и за овие кредити. Со нов член, пак, се предвидува тие трошоци да не бидат повисоки од висината на пет затезни камати.

До крајот на годинава затезната камата што ја утврдува Народната банка ќе остане 11проценти, што значи дека вкупните трошоци, како што се провизиите, даноците, манипулативните трошоци… за кредитите до 200 и над 75.000 евра не смеат да надминат 55 проценти од нивната висина.

Така, ако кредитот е 12.000 денари, тогаш вкупните трошоци што ги пресметува кредиторот не смеат да надминат 6,6 илјади денари, со што за 12.000 денари кредитокорисникот би вратил најмногу 18,6 илјади денари.

Законот со кој се регуилира годишната стапка на вкупни трошоци треба да почне да се применува 30 дена откако законот ќе стапи на сила. Но, според Елези допрва следува изјаснувањето на заинтересираните по понудениот текст, па предлогот на Министерството ќе се достави во Владата, а дури потоа за него ќе се изјаснува и ќе го донесе Собранието.

Домашни банки

ЕБОР: Во Македонија има многу банки, а пазарот е мал

Објавено

на

Во Македонија има многу банки а пазарот е мал. Во најновиот извештај за за транзицијата 2018-2019, ЕБОР сугерира конослидација на банкарскиот сектор и развивање на капацитетите за обновлива енергија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка најуспешна во тргување на девизните пазари

Објавено

на

Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД,  на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2019 година)“. Ова е петто  по ред  признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија,  доделено од Global Finance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал банка ја прошири својата мрежа на експозитури во Кисела Вода, Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје продолжи со проширување на својата мрежа на експозитури на територијата на град Скопје, водена од својата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, нудејќи им највисок стандард на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange