Connect with us

Странски банки

И Јапонија ќе воведува своја дигитална валута!?

Објавено

на

Јапонската централна банка објави дека започна експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Со овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор.

Кинезите подготвуваат план за дигиталниот јуан да влезе во масовна употреба, а Русија исто така најави тестирање на руската рубља во електронска форма, оваа година. Покрај тоа, Шведска има намера да стане првото светско општество без готовина, со воведување на дигиталната круна.

Според јапонскиот регулаторот, првата фаза од експериментот ќе се изврши до март 2022 година и ќе се фокусира на испитување на техничката изводливост на издавање, дистрибуција и купување дигитална валута на централната банка. Потоа ќе се префрли на втората фаза од експериментите, кои ќе ги проучуваат подеталните функции.

Планот на Јапонската централна банка беше објавен во октомври. Нејзиниот извршен директор, Шиничи Учида, минатиот месец изјави дека банката, доколку е потребно, ќе започне пилот програма со вклучување на даватели на услуги за плаќање и крајни корисници.

Најавата на Банката на Јапонија доаѓа во време кога глобалните централни банки напредуваат со иницијативи за развој на сопствени дигитални валути. Тие се обидуваат да ги модернизираат финансиските системи и со тоа да ја одбијат „заканата“ што доаѓа од криптовалутите, како и да ги забрзаат домашните и меѓународните плаќања.

Домашни банки

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година

Објавено

на

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

1200 банкарски службеници ќе работат од дома засекогаш!?

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC” одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американските банки се во добра кондиција, но за жал европските не се!?

Објавено

на

Американскиот банкарски систем и американските банки се во добра состојба и покрај последиците кои ги носи пандемијата на вирусот Ковид-19, пишуваат аналитичарите на љубљанска „Ilirika”. (more…)

Продолжи со читање




Популарно