Останато
И покрај пандемијата се зголемува бројот на милионери во светот

Во година на пандемија на коронавирусот бројот на милионери во светот надмина 20 милиони лица, покажуваат податоците на консултантската фирма „Капгемини”.
Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе, во текот на минатата година е зголемен за 6,3 проценти, односно на 20,8 милиони лица.
Вкупното богатство во сопственост на таа група луѓе се зголемило за 7,6 проценти, односно за вкупно 80.000 милијарди долари. Големите добивки се стекнати благодарејќи на поголемите пазарни вредности на акциите.
Земји со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина, а во нив живеат 63 проценти од светските милионери.
Најбрз раст минатата година е забележан меѓу супербогаташите, оние кои имаат богатство во вредност од најмалку 30 милиони долари.
Тој клуб на богати луѓе се зголеми за 9 проценти во 2020 година.
Консултантската куќа „Капгемини” ги следи цените на акциите, обврзниците во сопственост, алтернативните вложувања, парите и имотот при проценка на вредноста. Се потпира и на податоците на меѓународните организации, како на пример Светска банка, како и на податоци од анкети на богаташи и нивните финансиски менаџери.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје