Connect with us

Анализи

И не е се така розово во поволностите на банките – ќе пресметуваат камата за грејс периодот

Објавено

на

Деновиве е актуелна мерката за мораториум на кредитните изложености во банките, односно народски кажано банките им ги стопираат плаќањата на своите клиенти физички лица за период од 3 до 6 месеци. Првично, оваа мерка изгледа одлично поготово за дел од клиентите кои во моментов се најзасегнати од моменталната кризна состојба предизвикана од коронавирусот.

Но, доколку подетално се навлезе во условите кои ги предложуваат банките во својата понуда до клиентите ќе се види дека и не е се така розово во нивните мерки за помош кон граѓаните. Иако, од година во година банкарските профити растат енормно, банките ниту во услови на криза не сакаат да се откажат од потенцијалната можна заработка на грбот на граѓаните. Па така, иако речиси сите банки објавија или дополнително ќе објават дека на клиентите им даваат поволност да не ги плаќаат своите кредитни изложености во наредните 6 месеци, т.н грејс период, сепак за таа „поволност” која ја нудат ќе наплатат камата.

„За цело времетраење на грејс периодот, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит. По истек на предвидениот грејс период од 6 (шест) месеци, каматата пресметана во грејс периодот ќе се капитализира (додаде) на кредитното салдо на кредитот и рамномерно ќе се распореди за наплата во ануитетите согласно новиот амортизационен план. Банката нема да пресметува камата на капитализираната камата.”, се вели во дел од условите на Јавната понуда на Комерцијална банка АД Скопје.

„Камата ќе продолжи да биде пресметувана во периодот на одложување на отплатата, согласно важечките каматни стапки. Главницата, каматата и трошоци кои се доспеани а не платени се до моментот на одложување на отплатата, ќе бидат регулирани со крајот на периодот од 6 месеци, со распределба во новиот продолжен период на отплата на производот.”, се вели во дел од условите за кредит на понудата на Стопанска банка АД – Скопје. „За клиентите физички лица корисници на револвинг кредитни производи (Visa/MasterCard кредитни картички или Мој Кеш), Банката ќе пристапи кон одложување на отплатата за период од 6 месеци. Редовна камата ќе се пресметува, согласно важечките каматни стапки, но износот на пресметана камата ќе доспева со крајот на периодот на одложување на отплатата.”, се дел од условите за кредитните картички на Стопанска банка АД – Скопје.

„Редовната камата која ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана.” – е наведено во условите за одлагање на отплатата на сите кредитни обврски на Халкбанк АД Скопје.

„Во периодот 01.04. – 30.09.2020 година, УНИБанка ќе пресметува и наплатува камата согласно одредбите предвидени во Договорот со кој е регулирано дозволеното пречекорување. За износот на пресметана и наплатена камата, Банката ќе го зголеми износот на дозволеното пречекорување и сметката нема да има третман на недозволен минус.”, се вели во условите за дозволено пречекорување на УНИБанка АД Скопје.

Следните шест месеци можеби ќе немате обврска да плаќате за вашите кредитни изложености, но тоа ќе ве чини дополнително шестмесечна камата кон банката.

Пример: ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ

Информативна пресметка бр. 1

Предефинирани услови

Износ на кредит: 1.000.000,00 денари

Рок на отплата: 90 рати

Износ на рата согласно моментална состојба

Рата во период со фиксна каматна стапка: 13.825,00 денари

Рата во период со променлива каматна стапка: 14.377,00 денари

Износ на рата согласно нова состојба

Рата во период со фиксна каматна стапка: 14.231,00 денари (406,00 денари месечно повисока рата)

Рата во период со променлива каматна стапка: 14.798,00 денари (421,00 денари месечно повисока рата)

Вкупно дополнителна камата за 6 (шест) месеци: 29.334,00 денари

*Пресметката е изработена со каматни стапки од 6% фиксна за првите 24 месеци, односно 7,50% променлива за остатокот од периодот.

Пример: СТАНБЕНИ КРЕДИТИ

Информативна пресметка бр. 2

Предефинирани услови

Износ на кредит: 50.000 ЕУР

Рок на отплата: 300 рати

Износ на рата согласно моментална состојба

Рата во период со фиксна каматна стапка: 250,31 ЕУР

Рата во период со променлива каматна стапка: 280,55 ЕУР

Износ на рата согласно нова состојба

Рата во период со фиксна каматна стапка: 254,67 ЕУР (4,36 ЕУР месечно повисока рата)

Рата во период со променлива каматна стапка: 285,44 ЕУР (4,89 ЕУР месечно повисока рата)

Вкупно дополнителна камата за 6 (шест) месеци: 870,41 ЕУР

*Пресметката е изработена со каматни стапки од 3,50% фиксна за првите 10 години, односно 5,20% променлива за остатокот од периодот.

Факт е дека банките не се имуни на ситуацијата и дека и тие ќе се соочат со огромни загуби во тековниот период, но гледајќи во банкарските профити за изминатата година, македонските банки можеа да понудат многу подобри мерки за помош на своите клиенти.

А профитите на банките за минатата година изгледаа вака:

– Комерцијална банка – нето добивка 29,4 милиони евра

– Стопанска банка АД – Скопје – нето добивка од 38,5 милиони евра

– НЛБ Банка АД Скопје – нето добивка од 30 милиони евра

– Халкбанк АД Скопје – нето добивка од 11,4 милиони евра

– Охридска Банка АД Скопје – нето добивка од 4,3 милиони евра

Дали при вакви резултати банкарите можеа и мораа да покажат поголема општествена одговорност во справувањето со кризата, но и во помош на своите клиенти без кои овие профити би биле незамисливи?

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно