Connect with us

Анализи

И во услови на криза, Македонците купуваат станови

Објавено

на

Потрошувачките кредити и понатаму остануваат убедливо најзастапени кредитни производи од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, соопшти Народната банка во најновиот извештај за монетарните движења.

Следуваат станбените кредити коишто го заземаат второто место по застапеност, а следуваат кредитните картички, негативните салда, автомобилските кредити и останатите кредити одобрени врз други основи.

Во април, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 12,1%.

Изминатиот месец, кај станбените кредити, е забележан месечен и годишен раст од 0,4% и 13,6%, соодветно. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад од 1,2% и 6,4%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 2,1% и 6,3%, на месечно и годишно ниво, соодветно.

Во месец април, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен пад од 6,8% и 5,6%, соодветно. Кредитите
одобрени врз други основи бележат минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишна основа се намалени за 5,7%.

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте компании со најголеми добивки во првите три месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаб прв квартал од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 март 2020 година три се банки, од кои две се наоѓаат во топ три. (more…)

Продолжи со читање

Популарно