Connect with us

Кредити

Иуте Кредит го поддржа фондот за стипендии на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Објавено

на

Универзитетот Американ Колеџ Скопје на своето 8-мо годишно собрание, додели благодарница на финансиското друштво ИутеКредит како општествено одговорна компанија која инвестира во проекти од јавен интерес и го поддржа фондот за стипендии на универзитетот за академската 2019/2020.

Со оваа активност ИутеКредит ќе допринесе во развојот на квалитетен кадар, преку соодветно образование на тој начин што ќе им се даде шанса на сите потенцијални студенти кои имаат остварено одличен успех и реална потреба од финансиска помош за продолжување на своето образование.

Во Американ Колеџ студентите ќе имаат можност да го стекнат своето знаење преку комбинација на најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. Во таа насока со придонесот кој што ИутеКредит го дава во буџетот за стипендии, им се овоможува на студентите да студираат во една од најдобрите образовни институции со финансиско олеснување за надоместокот за студирање.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје е високообразовна институција основана во 2005-та година. Тоа што го разликува овој универзитет од останатите е меѓународната компонента од која произлегува јачината и додадената вредност која ја нудат на своите студенти со акцент ставен на професионализамот и на холистичкиот образовен пристап кон студентскиот развој. ИутеКредит ja покажува својата општествена одговорност не само со придонес во образованието, туку и со активно вклучување во проекти и проекти од јавен интерес поврзани со спорт, здравство, како и заштита на животната средина.

Кредити

Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Со станбениот кредит на Силк Роуд Банка сега е веќе лесно да го одберете Вашиот #НовДом! (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Ковид 3 – нова бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали претпријатија

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за воспоставување на бескаматна кредитна линија со грант компонента наменета за микро и мали претпријатија погодени од КОВИД-19 (Ковид 3), и го задолжи Министерството за финансии, во име на Владата да потпише договор за администрирање на средствата со Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

ПроКредит Банка и компанијата Горењско со поволни услови за финансирање и изведба на сите видови комори и системи за прочистување на воздух

Објавено

на

ПроКредит Банка и компанијата Горењско започнуваат нова соработка преку која изведбата на сите видови комори – различни разладни ситеми, чилери и тунели за брзо ладење, како и системи за прочистување на воздухот кои спречуваат ширење на бактерии и вируси, станува подостапна за сите бизниси во државата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно