Компании
ИутеКредит станува банка!? – Компанијата купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија


Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра.
„ИутеКредит станува акционер во банката, а како што добро информирани извори веќе открија за молдавскиот печат, ние всушност добивме одобрение од молдавската централна банка за купување на EnergBank. Ќе продолжиме да работиме за да ја постигнеме посакуваната цел“, вели Тармо Силд, извршен директор на IuteCredit Europe.
Според Лилијан Гузун, извршен директор на ИутеКредит Молдавија, вклучувањето на ИутеКредит во EnergBank ќе ја поттикне дигитализацијата на банката преку носење на најдобрите практики од Балтикот и Скандинавија.
Силд смета дека во следните две години компанијата би можела да достигне еден милион клиенти и биланс на состојба од една милијарда евра, а дел од планот е и купувањето на банката.
„ИутеКредит мора да стане лесно достапна и брза финтек необанка, парите треба да се движат многу слободно, непречено, како човековиот говор. Во исто време, нашето главно ветување е да понудиме извонредно искуство во личните финансии, така што одржувањето на човечкиот контакт е многу важно во време кога технологијата станува сè поголем дел од нашите животи“, изјави Силд. Покрај купувањето на банката, ИутеКредит планира да ги прошири сите услуги што компанијата ги нуди преку мобилните телефони и да понуди можности за инвестирање.
ИутеКредит во следните години има намера да се прошири и надвор од границите на своите сегашни основни пазари и да го прошири своето портфолио на услуги. „Повеќето од моменталните приходи доаѓаат од рати и кредити, но во иднина дигиталните плаќања би можеле да сочинуваат половина од портфолиото на компанијата“, рече Силд.
ИутеКредит, која е основана во 2008 година, е водечка европска компанија за лични финансии. Групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити преку своите подружници кои се 100% во нејзина сопственост. ИутеКредит во моментов опслужува клиенти во Македонија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Мисијата на ИутеКредит е да создаде извонредно корисничко искуство во личните финансии преку надминување на очекувањата на клиентите.
Комерцијалната банка EnergBank S.A. работи на финансискиот пазар на Република Молдавија веќе 25 години. Во овој период, банката стана една од најдобрите средни финансиски институции во земјата, со вкупна актива од 2,96 милијарди леи (147 милиони евра) до 30.11.2021 година. Со својата широка мрежа од 45 филијали и агенции, банката обезбедува целосен опсег на услуги посветени најмногу на физички лица и мали и средни бизниси, нудејќи финансиски услуги низ целата земја.
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје