Компании
ИутеКредит организираше првоаприлски маскенбал за децата од СОС Детско село


ИутеКредит Македонија и СОС Детско село денес, по повод 1-ви април – Денот на шегата, организираа маскенбал и внесоа ведрина, смеа и разиграност кај децата од СОС Детско Село.
Маскенбалот под мотото „Носењето маски може да биде забавно“ се одржа во дворот на СОС Детско село каде што 50 деца се забавуваа под строго контролирани услови и протоколи на отворено во дворот на селото.
ИутеКредит Македонија како иницијатор на овој настан обезбеди фото бут со голем број на реквизити со кои се забавуваа децата и направија фотографии кои ќе можат да ги веселат во наредните денови.
„Активното учество во опшеството е една од нашите вредности, и сакаме со личен белег да придонесеме за квалитетот на живеењето на младите. Посебно во услови на социјална дистанца, менталното здравје е она на кое треба да се посвети особено внимание, оваа година а можеби и следната. А преку смеа и ведар дух сме еден чекор поблиску кон подобрување на менталното здравје. Се надеваме дека успеавме да направивме нешто интересно и носењето маски да го претворивме во забава“, изјави Елена Глигоровска – Директор за човечки ресурси и корисничко искуство во ИутеКредит.
Со овој маскенбал, ИутеКредит Македонија како општествено одговорна компанија уште еднаш ги манифестираше своите корпоративни вредности како активен подржувач на сите општествени процеси, вклучувајќи го квалитетот на живот на најмладите.
Компании
Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје


Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
Компании
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје


КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година


Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје