Компании
ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

Насочени кон комплетна дигитализација на финасиските услуги и константно изнаоѓање на иновативни решенија кои ќе го поедностават начинот на купување онлајн, ИутеКредит Македонија во партнерство со најголемиот ланец продавници за бела техника и апарати за домаќинство Нептун разви опција за користење на кредит за плаќање на рати при онлајн купување од веб страната на Нептун.
Отсега купувачите ќе имаат можност по изборот на саканиот производ, многу едноставно и брзо да аплицираат за наменски кредит од ИутеКредит и истиот да го исплаќаат од 3 до 24 рати.
Услови за аплицирање
Aплицирањето за наменски кредит може да го направите директно на веб страната на Нептун (www.neptun.mk), додека ги разгледувате понудите на Нептун за само неколку минути ќе добиете одговор за одобрување.
Условите за аплицирање се:
• Возраст 18-75 години
• Македонски државјанин
• Важечки документ за лична идентификација
Максималниот износ на одобрен кредит е до 120 000 денари, но истиот зависи од месечните приходи и вкупните обврски по кредити на потрошувачот, односно купувачот. Амортизациониот план се изготвува врз основ на еднакви месечни рати специјално изготвени со цел да се обезбеди одговорно кредитирање и навремено сервисирање на обврските по основ на кредитот. Може да аплицираат вработени лица, пензионери до 75 години, лица кои работат хонорарно, со договор на дело, авторски договор или самовработени.
Процес на купување преку ИутеКредит
Процесот на апликација и одобрување е лесен и брз, што овозможува одличен бенефит за секој потрошувач. Во само 3 чекори потрошувачите ќе можат да ги купат своите омилени производи во Нептун:
1. Го избирате вашиот омилен производ од www.neptun.mk
2. Бирате опција за плаќање на рати преку ИутеКредит
3. Доколку апликацијата за кредит е одобрена, Нептун ви ја доставува нарачката во најкус можен рок
Овој начин на кредитирање при онлајн купување е единствен на пазарот кај нас и горди сме што во соработка со компанија, која исто така ја дели визијата за модернизација и напредок во услугите кои ги нудиме онлајн за нашите клиенти, успеавме да го направиме достапен за македонските купувачи.
ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво кое постои на македонскиот пазар од 2017 година. Целта на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во финансирањето на физички лица, едноставно, брзо и безбедно да одговори на сите финансиски потреби на клиентите.
Компании
Оглас за вработување на Директор на сектор деловна мрежа во Штедилница Можности

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позиција (more…)
Компании
Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер